Македонија
Јанакиески: Ќе докажам дека не сакав да му се одмаздам на Фијат Цаноски за напуштање на коалицијата
Обвинетиот Миле Јанакиески од десетина листови чита и образложува зошто предметот ТНТ не може да го води обвинителот Бурим Рустеми, какви докази ќе поднесе во текот на постапката, како и дека ќе ја докаже својата невиност. Додека, како што рече, поставува правни прашања, Јанакиески ја стави раката во џебот, а судијата Огнен Ставрев го опомена.
„Миле, ќе ве молам, раката“, рече Ставрев по што Јанакиески ја извади раката и се извини.
Јанакиески одново го убедуваше судечкиот совет дека преку докази ќе докаже оти обвинителниот акт не е базиран на факти и аргументи. Тој, како и неговите адвокати Димитар Дангов и Еленко Миланов, бараше предметот да се одземе од Бурим Рустеми и да се даде на друг обвинител бидејќи тој е обвинител од ОЈО и не може да го води предметот.
„Ќе презентираме голем број докази и факти со кои ќе докажеме дека обвинителниот акт не е базиран на факти и аргументи. Предметот ТНТ е преземен од ОЈО во СЈО со цел бомбите и СМС-пораките да се користат од единственото надлежно обвинителство. Јавниот обвинител од Јавното обвинителство нема надлежност над овој предмет. Во однос на ова заедно со одбраната со повеќе докази побаравме од ОЈО да ни ги дадат фамзоните дописи од Катица Јанева и не ни ги достави, а ги добивме од судот. Доколку Јовески не ги даде дописите, автоматски дозволува предметите да паднат пред повисоките судови“, посочи Јанакиески.
„Ќе докажеме дека СМС-пораките и аудиофајловите не се автентични, што е дополнителна причина зошто не можат да се користат во постапката“, рече Јанакиески
Тој додаде дека нема потпишано ниту еден документ за рушење на објектот „Космос“. Посочи дека во текот на повторното судење ќе докаже дека немал никакви надлежности во однос на објектот во делот на носење решение за отстранување дивоизграден објект, а ќе покаже како се применуваат правилници за конкретен план.
„Ќе докажам дека сум немал цел да му се одмаздам на оштетениот Фијат Цаноски за неговата политичка одлука, кој како претседател на политичката партија ПЕИ ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ и склучил коалиција со СДСМ. Ова заедно со моите бранители ќе го докажеме преку презентација на еден од клучните докази, а тоа е пресудата на Уставниот суд, каде што преку неа овој суд веќе има одлучувано по барање на заштита на слободите и правата по член од Уставот. Јас не сум имал учество во склучување на коалицијата меѓу ПЕИ и ВМРО-ДПМНЕ ниту, пак, во одлуката да ја напушти. Немам потпишано ниту едно ливче во постапката за рушење на ‘Космос’ од почетокот до крајот“, рече Јанакиески.
Додека Јанакиески читаше листови за да даде воведен говор за тоа како ќе се брани во текот на постапката за ТНТ, која почна одново, судијата Огнен Ставрев побара од обвинетиот да го скрати говорот.
„И самиот закон вели во кратки црти“, му рече Ставрев на Јанакиески.
„Преку распитот на Катица Јанева, ќе докажеме дека ова е политички мотивиран случај“, рече Јанакиески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Херојот кој беше убиен во Вејце – Бобан Трајковски, доби споменик
Со почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски, на 28 април, во центарот на Куманово, во 12 часот, ќе биде откриен мурал со неговиот лик, во пресрет на 23-годишнината од неговата херојска смрт.
Бобан Трајковски, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ на Армијата на Република Македонија на 28 години го положи својот живот на олтарот на татковината против терористите од ОНА во 2001 година кај Вејце.
Муралот е изработен од талентираните уметници Младен Трендевски – Трендо, Горан и Дејвид (сограѓани на Бобан).
Организатори на настанот се Здружението СИЛА и колегите од специјалната единица ВОЛЦИ.
Скопје
Муцунски: Аеродром го заслужува најдоброто, започнува реализацијата на голем капитален проект
Градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и директорката на основното училиште „Блаже Конески“ утрово на работен состанок ја утврдија динамиката по која до крајот на оваа школска година треба да започне реконструкцијата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.
„Станува збор за важен инфраструктурен проект, онаков каков што заслужуваат граѓаните на Аеродром. По неговото финализирање, Аеродром ќе добие модерно и современо училиште, направено согласно сите европски стандарди, училиште кое ќе биде пример за квалитетна градба, одржливост и енергетска ефикасност“, истакна градоначалникот Муцунски во својата објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека најважно од се е што реконструкцијата и доградбата нема да го наруши нормалното функционирање на училишните активности, а нивната организација ќе биде направена во консултација и согласно барањата на родителите, со кои утрово Муцунски одржа состанок.
Македонија
(Видео) Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците
„Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради. Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат“, рече Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
„Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво. Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри.
Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него.
Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја.
Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ“, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.