Македонија
Јанкулоска вртела телефони во Белград за да провери дали сопругата на Бранко Црвенковски има имот во Хрватска
По паузата, во кривичниот суд попладнево продолжи репродуцирањето на 1.000 бомби од СЈО во предметот „Титаник“.
Во една од нив Протоѓер ѝ нарачува на Јанкулоска да провери преку нејзините контакти дали сопругата на експретседателот на државата, Бранко Црвенковски, Јасна, поседува имот во Хрватска.
„Ни треба потврда дали е тоа лице. Чуј се со Горан Трајковски“, ѝ вели Протоѓер на Јанкулоска и додава дека тоа ќе направело пресврт во кампањата.
Јанкулоска во следен разговор му потврдува дека проверувале во регистарот на државјани и во регистарот на дијаспората. Протоѓер ѝ дава насоки да провери преку сестра ѝ на сопругата на Црвенковски, која работела во амбасадата кај Љубиша Георгиевски.
„Ни Дачиќ не знае каква услуга сум побарала оти и он е комуњар, знаеш“, се шегува Јанкулоска.
„Ти вртам за да знаеш како да го спакуваш“, додава Јанкулоска. Таа подоцна на Протоѓер му потврдува дека на таа адреса во Хрватска семејството што живее таму е на Јасна Црвенковска, сопругата на Бранко Црвенковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Ведро и студено утро, преку денот сончево со умерен ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Денеска времето во Скопје, ќе биде сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под нулата. Во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег. Потоа продолжува периодот на променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

