Македонија
Џафери: Владата функционира целосно и непречено

Премиерот Талат Џафери во интервју за „Дојче веле“ се осврна на предложените промени во составот на техничката Влада, која тој ја предводи, при што истакна дека Владата функционира целосно и непречено, а во рамките на надлежноста.
„Владата функционира потполно. Преземени се активности и мерки во однос на решавање на статусот на дел, односно на членови на Владата, соодветно на процедурата што е пропишана и надлежностите дадени со Уставот“, изјави премиерот Талат Џафери во интервју за „Дојче веле“.
Џафери во интервјуто воедно потенцира дека не може да коментира изјави на членови на Владата, кои си ги даваат од име на партиите и како членови на партиите, посочувајќи дека негов примарен фокус се надлежностите што ги има како претседател на Владата.
„Јас сум претседател на Владата и одговорам за Владата. Јас водам сметка да ја водам Владата во однос на она што се законите, прописите и процедурите и функционирањето на Владата“, беше дециден Џафери.
Прашан каква е соработката со министрите од опозицијата, премиерот потенцира дека односот е соодветен и колегијален и дека сите членови на Владата, без оглед на тоа од кој субјект доаѓаат, ги имаат истите права и обврски и секако го имаат истиот третман.
„Без оглед на она што се позиционо определени, односно како дел од опозицијата се влезени во Владата, како дел од пржинскиот договор, тие се членови на Владата со полно право и надлежност да спроведуваат она што ѝ е работа на Владата“, истакна Џафери во интервјуто за „Дојче веле“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.