Македонија
Џафери: Граѓанскиот Совет за надзор моќна алатка против нелегалното прислушување
Парламентарната контрола на разузнавањето и безбедносниот системи е една од клучните во насока на ефикасен систем, порача претседаелот на Собранието, Талат Џафери, на промоција на публикацијата „Насоки за надзор на разузнавањето“.
Тој порача дека новиот Закон за следење на комуникациите, кој беше донесен годинава, има неколку новини, меѓутоа тој потенцира дека многу важен аспект биле максималната конструктивност и придонесот на опозицијата во носењето на законот. Еден од најважните новитети, според него, е граѓанскиот Совет за надзор, тело што е надвор од парламентот, но е тесно поврзано со работата на Собранието преку Комисијата за следење на комуникациите.
„Сега секој граѓанин што се сомнева дека му се следи комуникацијата, може да поднесе претставка до Советот, кој заедно со надлежната комисија, ќе треба да утврди дали имало прекршок“, рече Џафери.
Со новиот закон се формира и оперативно-техничката агенција – ОТА, која, според Џафери, ќе придонесе за отстранување на техничките можности УБК да врши следење на комуникациите бидејќи тоа сега ќе се прави исклучиво со судски налог.
Тој се осврна и на аферата со прислушувањето во 2015 година, која, како што вели тој, потврди дека без ефикасен парламентарен надзор врз безбедносните и разузнавачките системи, тие прераснуваат во значајна алатка на авторитарно владеење на тесна група луѓе, а во исто време и за задоволување на нивните лукративни интереси.
„За прислушувањето, сега надлежноста е во рацете на судската власт и убеден сум дека самостојно и суверено судовите ќе пресудат за секој што згрешил пред законот и ги злоупотребил системите. Сепак, тоа е справување со последиците, а не со причината, и затоа нашите меѓународни пријатели јасно препорачаа дека се потребни коренити реформи, и тоа почнувајќи од внатрешната контрола, извршната власт и посебно во препораките беше наведена парламентарната контрола, како и независните експертски тела надвор од Собранието“, рече тој.
Собранието сега има три комисии што се занимаваат со оваа проблематика – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање и Комисијата зад надзор на примената на ПИ-мерките од страна на МВР, финасиската полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Воведувањето на комунална полиција приоритет, политиката нема да има место во управниот одбор на ЗЕЛС
Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес ја предводеше втората седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) во новиот состав, на која беа разгледани и усвоени повеќе прашања од суштинско значење за понатамошното јакнење на локалната самоуправа и унапредувањето на јавната администрација во државата.
Седницата беше со посебен фокус на деполитизацијата на работата на Управниот одбор, јакнењето на институционалните капацитети на општините и воспоставувањето поефикасни, потранспарентни и поодговорни системи за управување. Во таа насока, беше истакната важноста од воведувањето на современи дигитални решенија за управување со човечки ресурси во јавниот сектор, како и приоритетот за воспоставување комунална полиција преку законски измени, со цел поголем ред, дисциплина и ефикасност на локално ниво.
Дополнително, беше нагласена потребата ЗЕЛС да настапува обединето и со единствен став по клучните прашања, со што се зацврстува неговата улога како кредибилен партнер на институциите и силен застапник на интересите на општините и граѓаните.
претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски:
Денес ја одржавме втората седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која разгледавме и усвоивме неколку значајни точки од суштинско значење за понатамошното јакнење на локалната самоуправа, објави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
„Особена чест ни беше присуството на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој го презентираше надградениот софтвер за управување со човечки ресурси, сега поставен како единствен информативен центар за целата администрација.
Со ова решение, ќе се воспостави современ и функционален модел за собирање и управување со податоци за сите вработени, што претставува сериозен исчекор кон поефикасна, потранспарентна и поодговорна јавна администрација.
Неговата имплементација е повеќе од добредојдена и ќе донесе конкретни придобивки и за вработените и за јавните претпријатија.
И на оваа седница, повторно јасно нагласив дека Управниот одбор на ЗЕЛС е тело во кое политиката нема да има место.
Така беше и во мојот претходен мандат, така ќе биде и во иднина.
Овде сме обединети околу заеднички цели и за многу прашања ќе мораме да настапуваме со единствен, заеднички став.
Очекувам силна, искрена и плодна соработка со сите членови, затоа што колку ЗЕЛС е пообединет, толку повеќе добиваат општините, а со тоа и нашиот народ.
Воведувањето на комуналната полиција, преку новите законски измени, останува наш јасен приоритет за конечно воспоставување ред, дисциплина и поголема ефикасност на локално ниво.
Убеден сум дека овој состав на Управниот одбор ќе остави значаен белег во унапредувањето на локалната самоуправа и во продлабочувањето на процесот на децентрализација, во интерес на граѓаните и рамномерниот развој на општините.
Македонија
Мицкоски: Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа каков е планот за набавка на најавените нови еколошки автобуси, изјави:
„Па ние на владина седница донесовме одлука, во рамките на „Влада со Влада“ договорот којшто го имаме со Унгарија. Дел ќе биде кредит, под оние исти услови коишто ги имавме и во претходниот случај, односно 3 години грејс период, дополнителни 12 години отплата, значи 15 години со истата каматна стапка“.
Градот Скопје во претходна анкета побара 250 вакви автобуси, кажа Мицкоски.
„За него ќе бидат отстапени 100, со 50 полначи, а останатите општини коишто имаат организиран градски превоз, побараа, мислам дека побараа 89, а ќе добијат 50, со 25 полначи“.
Македонија
Минчев: ИСУЧР како единствен систем, носи транспарентност и буџетски заштеди
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), на која го истакна значењето на Информациониот систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР) како единствен, централен и задолжителен систем за сите институции во јавниот сектор, вклучително и општините и јавните установи.
„ИСУЧР не е уште еден информатички проект, туку темелна реформа која обезбедува законита пресметка на платите, транспарентност и реална контрола на јавните трошоци“ истакна министерот Минчев.
Тој информираше дека Владата донела одлуки со кои ИСУЧР станува единствениот извор на податоци за вработените и за пресметка на платите, при што државата по првпат стекна сопственост врз изворниот код на системот, со што се обезбедува долгорочна стабилност и целосна контрола.
Министерот нагласи дека со користењето на еден унифициран систем се остваруваат значителни буџетски заштеди и на централно и на локално ниво, преку укинување на паралелни софтверски решенија и дополнителни трошоци.
Министерството за јавна администрација обезбедува континуирана поддршка и обуки за институциите.
„Приклучувањето кон ИСУЧР не е прашање на избор, туку на одговорност и заштита на јавните финансии“ порача Минчев, нагласувајќи ја клучната улога на ЗЕЛС како партнер во реформата.

