Македонија
(Видео) Џафери: Не влијаев мојот баџанак да биде дел од антикорупциската комисија
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција, по изборот на членовите на антикорупциската комисија, рече дека немал никакво влијание во однос на изборот на неговиот баџанак Нури Бајрами за член на комисијата и дека нивната релација нема да влијае врз работата на телото.
„Како вашиот колега новинар влезе во тој состав на антикорупциската комисија?, одговори Џафери со контра прашање упатено до новинарите на нивното прашање како ја коментира одлуката за избор на Бајрами во Државната комисија за борба против корупцијата.
На забелешката на новинарите дека и во минатото имало вакви случаи на баџанаци што биле критикувани во јавноста, како случајот со баџанакот на првиот човек на тајната полиција Сашо Мијалков, Џафери рече дека разликата е што сега, покрај Собранието, и други релеватни институции гласале за избор на Бајрами.
„Разликата е што сега, покрај пратениците, и претставниците на медиумите, невладините организации и народниот правобранител беа вклучени во изборот. При процесот на испитување имаше и претставници на МАНУ. Во тоа е разликата. Какво влијание имам јас во изборот? Во чинот на гласање гласав за листата, а не за поединци“, рече Џафери. Со 65 гласа „за“ и 10 „воздржани“ избрана е новата антикорупциска комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Граделе во заштитена зона на Шара – кривична за двајца мажи
Двајца мажи се соочуваат со кривична пријава откако, според полицијата, нелегално граделе во зона на Националниот парк „Шар Планина“.
Станува збор за Ф.Ш. (65) од Тетово и И.А. (45) од селото Бродец, кои во текот на 2025 година, во атарот на селото Гајре, изградиле шест бетонски столбови без да обезбедат дозвола за градба од Општина Тетово.
Кривичната е поднесена кривична пријава за „бесправно градење“.
Македонија
Кривична пријава за директор на студентски дом поради несовесно работење
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ј. (57) од селото Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, на 29 и 31 мај 2024 година, Н.Ј., во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки.
Тој извршил плаќање на фактури во вкупен износ од 84.320 денари за сместување, односно ноќевање за себе и за ученици од студентскиот дом во два хотели во Охрид, без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка, соопшти полицијата.
Македонија
Кривична за поранешен градоначалник на Чашка поради сомнеж за злоупотреба
Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С. (47) од Велес, поранешен градоначалник на Општина Чашка, и против М.А., раководител на финансиското одделение во истата општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пријавата, Г.С. во текот на 2021 и 2022 година, во повеќе наврати, свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако таа била вработена со скратено работно време, што е спротивно на Законот за работни односи, кој забранува прекувремена работа за лица со скратено работно време.
Од СВР Велес информираат дека М.А., и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и донесеното решение за четиричасовно работно време поради здравствени причини, прифатила да биде дополнително ангажирана.
За извршените активности ѝ биле исплатени 50.109 денари, со што, според пријавата, е нанесена штета на буџетот на Општина Чашка.

