Македонија
Џафери: Секое дете заслужува достојни услови за учење, континуирано вложуваме во квалитетно образование
Премиерот Талат Џафери заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, го означи почетокот на изградбата на основното општинско училиште „Рилиндја“ во село Селце во Тетово.
„Во село Селце започнуваме со изградба на сосема нов објект за основното општинско училиште „Рилиндја“, кое ќе им овозможи достојни услови на учениците од ова населено место.
Децата повеќе нема да учат во стари училници коишто се изградени во далечната 1954 година и во лоши услови, туку ќе следат настава во модерно училиште.
Новата училишна зграда ќе биде со вкупна површина од 2.400 квадратни метри, поделена на два ката. Проектирани се девет училници од по 24 ученици, една училница за деца од предшколска возраст, два кабинети за извршување на научно-наставна програма како и една училница за информатички науки“, рече Џафери.
Проектот како што најави, ќе чини 100.000.000 денари и градбата се очекува да биде завршена до 2025 година.
Според него, секое дете заслужува достојни услови за учење, без разлика дали живее во село или во град.
„Затоа постојано инвестираме во современи училишта и квалитетен наставно-образовен процес.
Само во последните две години, со реконструктивни активности за кои беа обезбедени буџетски средства, опфатени се 120 училишни објекти, а изградени се и 43 училишни спортски сали во основни и средни училишта. Се градат, доградуваат и опремуваат училишта низ целата држава, и со буџетски средства, но и со поддршка од меѓународни финансиски институции. Секако, финансиска поддршка за реконструкција и изградба на училишта и спортски сали од Владата првенствено треба да добиваат училиштата каде што е тоа најпотребно.
Воедно, подобрени се условите и за наставниците, и се создадени услови за нивно континуирано усовршување и за зголемување на нивните плати кое само во изминатите две години беше околу 35%.
Влогот во образованието е влог во иднината на државата затоа што без образовани генерации, ниту едно општество нема да има напредок“, нагласи Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Села: Не е во ред тоа што се потенцира ДУИ, коалицијата е Европски фронт, од 9 партии
Зијадин Села од Алијанса за Албанците во интервју за Трилинг по изборите и изборните резултати и случувања, вели дека се работи за изборен инжинеринг и закрупнување на неколку политички сили. Според Села, не е во ред тоа што се потенцира ДУИ, коалицијата е Европски фронт, од 9 партии.
„Тука се најглавните албански партии. А дали сме подготвени за во опозиција, по демократските правила, тоа не го кажувааат политичките чинители, тоа го кажува народот, кој гласаше на 8 мај за Европскиот фронт да презема одговорности и да биде дел од власта“, вели Села.
Тој смета дека „погрешна е дефиницијата за коалицирање победник со победник, треба да е мандатар со победник. Победникот од македонската страна е дефиниран со Устав. Демографската реалност е за да има стабилност и да одиме напред, треба да се испочитува волјата на втората етничка заедница која е 30%, наспроти 54% кои се Македонците, според последниот попис“.
Додава дека Владата треба „да се изјасни во врска со обидот за изборен инженеринг. Според Пржинскиот договор, на техничкиот премиер е да обезбеди фер и демократски избори. Тие не се надвор од одлуките кои се носат во ДИК и Управен суд. Техничката влада е договор на најголемите политички партии“.
За тоа како Европскиот фронт ќе се однесува како опозиција во Собранието, Села вели „треба да се почитува желбата на граѓаните, не на Мицкоски. Ние ќе се однесуваме сразмерно на тоа како ќе биде решено. Не сакам да коментирам желби. Од ДИК се уште не се објавени мандатите, кој колку има. Се уште Мицкоски не е мандатар“.
Македонија
Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.