Македонија
Џафери: Се надевам дека во периодот што го оставаме зад нас успеавме да го извлечеме од себе најдоброто
Претседателот на Собранието, Тала Џафери на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан-Бајрам.
„После деновите на пост по повод светиот месец Рамазан, дојде и денот на Бајрам, како круна и награда за физичките и духовните искушенија низ кои поминаа сите посветени верници. Некој ги помина полесно, некој потешко, некој во богатство а некој со помалку меѓутоа, тоа не ги минимизира вредноста и значењето на празникот на Бајрам. Свеченото чувство и топлото зрачење продира до срцата и домовите на сите. Се надевам дека во периодот што го оставаме зад нас успеавме да го извлечеме од себе најдоброто. Дека успеавме да споделиме со блиските, со познатите и тие во потреба зборови на надеж, дела на солидарност, почит и разбирање, но над сѐ, да ја споделиме трпезата и сето тоа што го имаме.
Ви посакувам добро здравје, духовен и ментален мир. Економската благосостојба и семејната топлина нека завладее во секој дом на овој голем ден на Рамазан Бајрам. За многу години!“ напиша Џафери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Топло со умерена облачност, температурата до 25 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степен.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има сѐ до средината на следната недела.
Скопје
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за некористење на сигурносен појас…“, извести МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.