Македонија
Откако Црн дрим се излеа, сообраќајот на патот Дебар- Струга во застој
Сообраќајот на патот Дебар – Струга е во застој откако попладнево се излea реката Црн Дрим кај селото Луково.
Сообраќајот на патот Дебар – Струга е во застој откако попладнево се излea реката Црн Дрим кај селото Луково.
Во месноста Луково Поле, реката Црн Дрим е на исто ниво со автопатот, а надојдената река се прелива на коловозната лента.
Едвај успеавме да се вратиме – велат Охриѓани, кои го снимија излевањето на реката.
Како што пренесува А1 телевизија, вечерва во Охрид на трибина со владиниот тим ќе дојде премиерот Никола Груевски.
Останува неизвесно дали тој ќе се сретне со градоначалникот на Охрид Александар Петрески и со граѓаните на крајбрежјето погодени од поплавите, дали ќе оди во куќите под вода, кај излеаните реки и на другите критични места./крај/охридњуз/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на шибер Ф-80мм на улицата Јани Лукровски бб испред Т.Ц во населба Автокоманда, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

