Македонија
МВР за вчерашниот инцидент на плоштадот Македонија
Полицијата утврдила дека член на навивачката група Комити бил присутен на плоштадот за време на вчерашниот инцидентот на Плоштадот Македонија, каде поголема група фрлала бетонски коцки и метални шипки, при што е повредено едно дете
Полицијата утврдила дека член на навивачката група Комити бил присутен на плоштадот за време на вчерашниот инцидентот на Плоштадот Македонија, каде поголема група фрлала бетонски коцки и метални шипки, при што е повредено едно дете.
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти, дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а во тек се проверки и повикувања и на други лица за кои постои сомнение дека учествувале во инцидентот.
Според информации на МВР вчера околу 16.30 часот 20 до 30 непознати машки лица на возраст од околу 16 до 18 години облечени со црни јакни, капи и шалови на главата, кои дошле од правец на ЕСМ кон Сити галери и плоштадот, фрлале тврди предмети (бетонски коцки и метални шипки) кон лизгалиштето.
Во инцидентот било повредено единаесет годишно дете, кое минувало на плоштадот и му била нанесена лесна телесна повреда – расекотина на главата.
Групата, според кажувањето на очевидци, по кратко време избегала со трчање кон ГТЦ, а потоа и кон паркот Жена парк.
Во расчистување на инцидентот се вклучи и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди кој ќе ја испитува евентуалната одговорност на службените лица задолжени за обезбедувањето на натпреварот. Веќе се утврдува дали од нивна страна биле преземени сите неопходни мерки пред, за време на одигрувањето, но и по завршувањето на фудбалскиот натпревар, како и соодветното ангажирање на полициски службеници на градскиот плоштад.
До надлежните Полициски станици, се уште не е пристигната ниедна пријава од граѓаните кои веројатно биле цел на нападот.
Заради побрзо и поефикасно расчистување на инцидентот, МВР апелира оштетените да дојдат и да пријават, а истото да го сторат и останатите очевидци доколку поседуваат какви било сознанија кои би можеле да и користат на полицијата./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

