Македонија
Пописот во САД и на македонски јазик
Службениот формулар за претстојниот попис на населението во САД е преведен и на македонски јазик. Ова треба да им помогне на американските граѓани со македонско етничко потекло соодветно да го пополнат прашалникот за потребите на годинешниот попис.
Службениот формулар за претстојниот попис на населението во САД е преведен и на македонски јазик. Националното биро за спроведување на пописот издаде формулар на македонски јазик, што треба да им помогне на американските граѓани со македонско етничко потекло соодветно да го пополнат службениот прашалник за потребите на годинешниот попис. Паралелно со ова, коалиција од македонски граѓански организации спроведуваат кампања меѓу македонската заедница во САД, соодветно да го декларираат нивното етничко потекло. Целта на ваквата акција е да се добие реален број на етнички Македонци што живеат во САД. Ова е 23ти попис во историјата на САД. Неговото спроведување се очекува да чини околу 11 милијарди долари. /крај/2010.census.gov/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.

