Македонија
Грција лута што Фуле го употребува уставното име на Македонија
Комесарот Штефан Фуле во своите настапи да се придржува до употребата на привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“, порача алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Димитрис Друцас.
Комесарот Штефан Фуле во своите настапи да се придржува до употребата на привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“, порача алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Димитрис Друцас. Друцас реагира што Комесарот за проширување, Штефан Фуле, во своите настапи го употребува уставното име на Македонија. „Фуле е обврзан да го користи името Поранешна Југословенска Република Македонија. Се друго се судира со рамката за која е согласна самата Европска Унија. Тоа праќа погрешна порака до властите и народот на нашата соседна земја и ги поткопува преговорите што се одвиваат во рамките на Обединетите Нации“, се вели во реакцијата на Друцас. Тој додава дека сакаат добра соработка со новиот комесар, но, како што се вели, во согласност со важечкото меѓународно право и во согласност со интересите на Унијата. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

