Македонија
Милошоски на состанок на министри на Советот на Европа

Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска во Париз ќе учествува на петтиот ад хок заеднички состанок на Бирото на Комитетот на министри и Претседателскиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски денеска во Париз ќе учествува на петтиот ад хок заеднички состанок на Бирото на Комитетот на министри и Претседателскиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
На Состанокот, како што е најавено, ќе се разгледаат мерките за јакнењето на дијалогот меѓу Комитетот на министри и Парламентарното собрание на Советот на Европа, а предвидено е учество и на Генералниот секретар на Советот на Европа, Тор Бјорн Јагланд и претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Мевлут Чавушоглу.Министерот Милошоски ќе реализира и одделна средба со актуелниот претседавач, шефицата на швајцарската дипломатија, Мишелин Калми Реј, за договарање на дневниот ред на 120-тата министерска сесија на Комитетот на министри што ќе се одржи на 11 мај годинава во Стразбур кога Република Македонија ќе го преземе претседавањето со одлучувачкиот орган на Советот на Европа. За време на престојот во Париз, Милошоски ќе се сретне и со Жан Давид Левит, политички советник на Претседателот на Франција, Никола Саркози со кого ќе разговара за прашања од заемен интерес и за напредокот на Република Македонија во процесот на евроинтеграциите./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) СДСМ Куманово: Димитриевски влезе во коалиција со Мицкоски за да се спаси од судски прогон

Соња Тодоровска од СДСМ Куманово, се осврна на одлуката на Обвинителството да се откаже од постапката против Максим Димитриевски.
Според Тодоровска, повлекувањето на Обвинителството го открило, како што рече, вистинскиот договор меѓу Димитриевски и Христијан Мицкоски. Таа обвини дека Димитриевски добил заштита од актуелната власт, а неговото коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ го оцени како обид да избегне одговорност.
„Максим Димитриевски не е коалициски партнер, туку тој е декор, инструмент, политичка маска“, рече Тодоровска, додавајќи дека, според СДСМ, неговиот ангажман е воден од бизнис интереси и внатрепартиски договори.
Во изјавата беше нагласено дека, според СДСМ Куманово, граѓаните веќе го препознале политичкиот профил на Димитриевски и дека „на Куманово и на Македонија ѝ се потребни чесни луѓе со став и интегритет“.
Тодоровска порача дека „правдата може да биде одложена, но нема да биде избегната“ и најави дека ќе има одговорност.
Македонија
Стефковски со порака до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на социјалните мрежи се обрати до граѓаните по однос на проблемот со недостатокот на вода за пиење.
Како што пишува Стефковски, населените места Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто се оставени без вода за пиење поради недостаток на колични на вода.
„Во услови на екстермно високи температури, ваквата состојба е не само недозволива, туку и срамна. Ги потсетувам Град Скопје и ЈП Водовод и канализација дека не постојат сами за себе, туку за граѓаните. Како градоначалник избран од народот им порачувам: проблемите на граѓаните се и мои проблеми“, напиша Стефковски.
Тој упати апел за итно постапување, интервенција и изнаоѓање решение, а во спротивно најави дека ќе ги поддржи граѓаните во превземањето на сите демократски методи и најави можна организација на протести.
„Затоа денес, јавно и јасно упатувам апел за ИТНО постапување. Бараме итна интервенција и решение! Доколку оваа состојба не се реши веднаш, ќе го поддржам народот во превземањето на сите демократски методи. Ќе излеземе на улица!
Институциите кои молчат ќе се соочат со гневот и незадоволството на граѓаните. Нема да дозволам никој да биде оставен без вода во 21 век, во главниот град на Македонија!
Ова не е политичко прашање – ова е прашање на живот. Граѓаните заслужуваат почит, а не игноранција“, заклучи Стефковски.
Македонија
„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската општина Чаир. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека институциите работат на утврдување на фактите, а резултатите се очекува да бидат видливи во скоро време.
На прес-конференција во Владата, каде што ги презентираше резултатите од првата година од мандатот, Тошковски истакна дека МВР спроведува неселективна и бескомпромисна борба против прекршувањата на законот, нагласувајќи дека постапките се водат и против високи функционери, вклучително и врховни судии, директори, поранешни и актуелни градоначалници.
Во однос на случајот со Чаир, министерот наведе дека не располага со информации дали е веќе утврден конкретен случај на дивоградба, но потврди дека Министерството постапува по наредбата на обвинителството.
„Ќе се видат резултатите, ова не е буцни прачка, пиј вино.. Ќе постапиме како што тоа се прави во секоја европска држава“, рече Тошковски, додавајќи дека ниту еден предмет нема да биде оставен без институционален одговор.
Претходно градоначалничката, Данела Арсовска, до Обвинителството достави документи за незаконски легализации на дивоградби, тврдејќи дека со фалсификат биле легализирани од градоначалникот Висар Ганиу.