Македонија
Министерот за надворешни работи на Турција утре пристигнува во Македонија
Шефот на турската дипломатија, Ахмет Давитоглу утре пристигнува во посета на Македонија, информираат од Министерството за надворешни работи.
Шефот на турската дипломатија, Ахмет Давитоглу утре пристигнува во посета на Македонија, информираат од Министерството за надворешни работи. Според програмата, Давитоглу утре ќе престојува во Охрид и Битола. Предвидено е да присуствува на отворањето на почесен конзулат на Турција во Охрид, а ќе ја посети спомен куќата на Мустафа Кемал Ататурк во Битола. За в петок се предвидени средбите со македонскиот државен врв. Давитоглу ќе се сретне со својот македонски колега, Антонио Милошоски, премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорге Иванов и претседателот на Собранието, Трајко Вељановски. Шефот на турската дипломатија ќе одржи и предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температура до 12 степени
Времето утрово е студено, насекаде со негативни утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од 2 до 12 степени.
Во Скопје претпладне студено со појава на магла, преку денот сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник по одделни котлини ќе има појава на магла, а локални врнежи од дожд, на планините од снег се очекуваат во вторник.
Македонија
Пивтијада по 15. пат на плоштадот во Автокоманда
Утре 19.01.2025 година (недела) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 15та година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Истовремено ќе уживаат во македонската песна со настапот на Јордан Митев, Ефто Пупиноски и Даниела Темелковска.
Македонија
Поради трговија со дрога уапсен е Раде Трајковски – Штекли кој трипати се обидоа да го ликвидирааат
Полицијата го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Тој се сомничи за трговија на дрога, потврди МВР.
Штекли двапати беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што беше погоден од повеќе куршуми, па опериран и спасен. Пред два месеца во скопската населба Ќерамидница беше фрлена бомба во неговиот двор. Овие случаи кои се одвиваа во изминатите две години не добија своја разрешница.