Македонија
Донирана кинеска компјутерска опрема вредна 300.000 евра
Кина ќе донира компјутерска опрема за Министерството за одбрана и АРМ вредна 300.000 евра.
Кина ќе донира компјутерска опрема за Министерството за одбрана и АРМ вредна 300.000 евра. Договорот за воена помош што се однесува на компјутерската опрема денеска го потпишаа МИнистерот за одбрана, Зоран Коњановски и амбасадорот на НР Кина во Македонија, Донг Чунгфенг. „Ваквите донации од нам пријателски земји многу ќе ни значат за да ја заокружиме целокупната мрежа на информатичка соработка помеѓу секторите, помеѓу министерството за одбрана и помеѓу службите на АРМ, што е од врвен приоритет за нас како министерство за одбрана“, изјави министерот Коњановски. Кинескиот амбасадор повика на развој на севкупните македонско – кинески односи. Вели дека донираната опрема е со цел модернизација на македонската одбрана. „Веруваме дека оваа опрема што ја донираме ќе биде од полза во развојот на македонскиот одбранбен систем. Ја разбираме вашата желба за европска интеграција и го почитуваме патот што македонците и владата го избраа за движење во таа насока“, изјави амбасадорот Чунгфенг. На прес-конференцијата беше најавено дека министерот Коњановски следната година ќе биде поканет во официјална посета на Кина. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

