Македонија
Селмани: Непочитувањето на Охридскиот договор отвора теми за редефинирање на државата
Доколку продолжи непочитувањето и неисполнувањето на Охридскиот договор, тогаш легално се отвараат теми за редефинирање на односите меѓу Македонците и Албанците, како и самото уредување на земјата.
Доколку продолжи непочитувањето и неисполнувањето на Охридскиот договор, тогаш легално се отвараат теми за редефинирање на односите меѓу Македонците и Албанците, како и самото уредување на земјата. Оваа вчера во Дебар, го изјави претседателот на Нова Демократија, Имер Селмани кој додаде дека „редефинирање на меѓунационалните односи нема да се случат само заради тоа што им текнало на Албанците, туку поради фактот, што тоа ќе биде неопходна потреба.“ “Во тој случај, ниту една тема, не треба да биде табу, па ниту редефинирањето на државата во форма на кантони како Швајцарија, или пак уредувањето на Белгија.Сите овие организирања, треба да имаат своја цел , а тоа е запирање на дискриминаторската политика врз немнозинскиот народ, во случајов Албанците“, нагласи Селмани на средбата, што ја имаше во Дебар со членовите и симпатизерите на НД. Селмани смета дека Албанците веруваат во Охридскиот договор, но дека не веруваат во желбата на македонските политички партии дека ќе го исполнат Договорот, и покрај тоа што тоа е обврска од самиот Договор, но и од Уставот. Селмани во Дебар, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за создавање на верско и етничко нетолерирање, како и за определување на Македонија, како православна држава на штета на припадниците на исламот. Тој ја обвини и ДУИ за „непреземање на активности за да го спречи коалициониот партнер да запре да ги крши правата на Албанците“ „Ние сме за предвремени избори, но ако тие донесат промени, а не заради ВМРО-ДПМНЕ, да добие нов мандат од четири години, нагласи Селмани. /крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

