Македонија
Владата бара измени во правилникот за ПП опрема во возилата

Дирекцијата за заштита и спасување да достави информација од правилникот до Владата за причината поради која се пропишува употребата на противпожарни (ПП) апарати во возилата со
Дирекцијата за заштита и спасување да достави информација од правилникот до Владата за причината поради која се пропишува употребата на противпожарни (ПП) апарати во возилата со тежина од два килограми.
Ова се вели во соопштението од Владата според кое целта е да се измени правилникот и да се овозможи употреба на ПП апарати со помала тежина од онаа што беше досега пропишана досега.
“Како што веќе информираа од МВР, нивниот фокус во претстојниот период ќе биде да ги информираат сопствениците на патнички моторни возила за обврската навреме да се снабдат со ПП апарат“, стои во соопштението од Владата.
Од Владата информираат дека обврската за задолжително поседување ПП апарат во моторните возила постои во најголемиот број од европските земји./крај/со/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Наградени македонските ученици кои освоија второ место на Европскиот квиз на пари

Второ место меѓу тимови од 30 држави, меѓу 73 илјади натпреварувачи е многу високо достигнување и потврда дека Македонија има талентирани и едуцирани деца кои одлично ги познаваат економските процеси, знаат да планираат буџет и да управуваат со пари и финансиски ризизи, рече министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на доделувањето на наградите на ученичкиот тим кој ја претстави Македонија на Европскиот квиз на пари 2025 година, што го организира Европската банкарска федерација.
„Министерството за образование и наука се заложува да ја подигне финансиската писменост меѓу сите млади. Важно е и затоа ќе започнеме посериозна соработка со финансиските институции како Народната банка, Македонската банкарска асоцијација и Комисијата за хартии од вредност и заеднички ќе го обликуваме моделот преку кој уште поефективно, финансиски ќе ги едуцираме новите генерации“, рече Јаневска.
Информираше дека државата ги зголеми средствата за поддршка на талентираните ученици, за да може без било какви грижи, во иднина да учествуваат на големи меѓународни натпревари и олимпијади.
„Првенствено заради вас, заслужувате поддршка во градењето на талентот. Но и да му покажеме на светот дека и оваа земја има извонредни деца кои се подготвени да управуваат со општествените процеси и да учествуваат во креирањето и насочувањето на глобалните текови и трендови“, додаде министерката.
Изрази благодарност до Македонската банкарска асоцијација што го организира националниот квиз за пари и порача активноста да продолжи и во иднина, заоа што го стимулира натпреварувачкиот дух на младите и придонесува во градење на финансиски писмени и одговорни генерации.
Награди на денешниот наста им беа доделени и на учениците кои ги освоија второто и третото место на националниот квиз на пари.
На годинешниот Европски квиз за парите на кој се натпреваруваат ученици на возраст од 12 до 15 годин, второто место го освоија македонските ученици Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „ Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска. Тимот од Италија го освои првото место, додека третото место ѝ припадна на Шведска.
Претставници од Македонија второто место освоија и во 2019 и 2020 година, а во 2024 година беа третонаградени.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес

Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на заедничката прес – конференција со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, по лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст што се одржува во Скопје.
Тој кажа дека Западен Балкан се приближува кон Европската Унија не со зборови, туку со дела, со реформи, резултати и со интеграција што се чувствува во секојдневниот живот на граѓаните.
„Фактот што сме домаќини на овој лидерски самит е важна симболична потврда за нашата регионална и европска релевантност. Тоа не е случајност. Тоа е резултат на политичкиот капитал кој го вложивме во стабилноста, реформите и конструктивниот пристап. Ова е признание за улогата што нашата држава ја има во градењето мостови и создавањето решенија. На денешните разговори се фокусиравме на реализација на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој претставува историска шанса за сите нас. Тоа е механизам кој ни овозможува не само пристап до инвестиции и фондови, туку и мотивирачка рамка за унапредување на владеењето на правото, ефикасноста на институциите и економската конкурентност“, рече Мицкоски.
За нас, додаде тој, овој план не е формалност. Според Мицкоски, тоа е алатка преку која ќе ја трансформираме земјата, ќе ги модернизираме јавните услуги, унапредиме образованието, ќе инвестираме во енергетска и дигитална инфраструктура и ќе ја направиме татковината вистински европски дома – пред да стане формално дел од ЕУ.
Но, исто така, додаде Мицкоски, сакам да бидам јасен дека нашите чекори по европскиот пат се со отворено срце и разум. Со прифаќање на европските вредности.
„Меѓутоа се противиме на уцените кои не се дел од тие вредности. Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес. Европа е дом на правото, на правдата, на достоинството. Тоа се вредностите што ги прифаќаме – сè друго е туѓо за Европската Унија, и туѓо за нас“, рече премиерот.
Македонија
(Видео) Костовски: Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и приврзок на Мицкоски

Максим Димитриевски е најголемото политичко разочарување и најголема измама. Ветуваше независност и чесност, а заврши како тројански коњ, слеп извршители на политичката агенда на ВМРО-ДПМНЕ, небитен фактор и лажен патриот, целосно заглавен во криминал и корупција, изјави Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ.
Тој обвини дека за само една година, Димитриевски ги погазил сите свои изборни ветувања.
„Неговиот лажен патриотизам излезе на виделина, се што кажа порече. Максим јавно се колнеше дека нема да прифати внесување на Бугарите во Уставот без одложена примена. Пред два дена, смени лента, се откажува од тој став, сега веќе не е за одложена примена. Ветуваше борба за правда, а денес молчи пред корупцијата на коалициските партнери од ВЛЕН. Ваква сервилност, вакво коленичене пред ВЛЕН досега немало“, рече Костовски.
Според него, вистината е едноставна – Максим Димитриевски не е ништо друго освен обичен привезок на Христијан Мицкоски и слуга на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
„Тој е безгласна буква во владината коалиција, единствено способен за делење функции и удобни фотелји, без ниту еден резултат. Освен становите и парцелите вредни 300.000 евра. Максим Димитриевски е прочитан од граѓаните и ќе биде казнет токму од граѓаните. Македонија заслужува одговорни луѓе, а не лажни патриоти кои за фотелја се откажуваат од сè што ветиле“, рече Костовски.