Македонија
Влада: Опозицијата ја замајува јавноста

Опозицијата повторно ја замајува јавноста во нивниот добро познат манир на ниска политичка комуникација и продолжува со малодушност да гледа на македонската економија
Опозицијата повторно ја замајува јавноста во нивниот добро познат манир на ниска политичка комуникација и продолжува со малодушност да гледа на македонската економија.
Ова денеска во Скопје го изјави портпаролот на Владата Мартин Мартиноски, додавајќи дека владата на Република Македонија нема намера да се спушта на тоа ниско ниво.
„Нашата дебата ја водиме со факти, аргументи и бројки“, рече Мартиноски.
Според него во Македонија во изминатите три години се влезени повеќе од 1 милијарда инвестиции, без притоа да се врши приватизација на некој капитален капацитет.
Во време на СДСМ во просек годишно имаше по околу 80-тина милиони евра инвестиции, додаде Мартиноски, нагласувајќи дека споредбата е повеќе од јасна.
„Најблаго кажано е неморално да се тврди дека македонската економија е пред колапс, кога споредено со сите земји од опкружувањето и пошироко, Македонија е една од земјите која најдобро се справи со последиците од светската економска криза. Тоа не го кажува Владата. Тоа го кажуваат ММФ и Светска банка“, рече Мартиноски.
Тој додаде дека Владата на Република Македонија продолжува со својот стратешки пристап за привлекување на странски инвестиции, со оглед на очекувањата дека светската криза постепено го намалува својот интензитет и постојат солидни изгледи дека инвестиционата активност на глобално ниво влегува во нов циклус.
„Покрај атрактивниот фискален пакет и инвестициите во образование на работната сила, Владата продолжува да инвестира и во изградба на инфраструктура на нови технолошко индустриски развојни зони. Тоа е сериозен пристап на посветена, одговорна и пробизнис ориентирана Влада“, изјави денеска во Скопје го изјави портпаролот на Владата Мартин Мартиноски. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вреди“: Го затворивме отпадот на ДУИ, на 19 октомври ќе ги уништиме и неговите фосили

Вчера конечно ја затворивме дивата депонија во Никуштак, срам наследен од владата на ДУИ, која со години го труеше воздухот и здравјето на жителите на Липково и Арачиново, информираат од „Вреди“.
„Оваа одлука, беше овозможена благодарение на директното влијание на првиот вицепремиер Изет Меџити и вицепремиерот Арбен Фетаи, кои го претворија проблемот занемарен од ДУИ во државен приоритет.
Овој чин не е само затворање на депонија, туку затворање на ерата на срам и неодговорност. ДУИ 20 години ги остави Албанците да живеат меѓу отпадот, додека самите се богатеа на нивен грб. Денес го затворивме нивниот отпад, но на 19 октомври граѓаните ќе ги затворат и политичките кариери на фосили на ДУИ“.
Од Вреди нагласуваат дека Липково, Арачиново и секоја албанска општина повеќе нема да бидат, како што велат, гробишта од ѓубре на ДУИ, ниту од отпад, ниту од корупција, ниту од политичко предавство.
Македонија
Синоќа повторно предизвикан пожар во „Дрисла“

Синоќа пред 23.00 часот повторно беше предизвикан пожар во депонијата Дрисла, на сосем друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
„На лице место веднаш се упатија скопските пожарникари кои започнаа со гаснење но поради спецификата на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машинити кои веќе беа таму со тоа што брзо пристигнаа нивните возачи“.
Еден час подоцна, појаснува Ангелов, пожарот бил изгаснат и затрупан со што како што нагласува, е спречено ширење на огнот во главнината на депонијата.
Македонија
„Марш за Ангелите” во Кочани и мирен протест во Скопје: шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица. По тој повод, родителите на починатите организираат „Марш за Ангелите”.
Маршот ќе почне во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ и ќе се одвива по веќе востановената маршрута – општинска зграда, УЈП, полиција, кочанскиот суд и обвинителство, а ќе заврши повторно во „Паркот на Револуцијата“.
Од иницијативата „Кој е следен“ повикуваат на мирен собир на плоштадот во Скопје. Собирот е најавен за во 20 часот и 16 минути.
„Ова не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да не разбесни и да не поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани“, велат организаторите.
Семејствата на загинатите преку „Марш на ангелите“ во Кочани секоја сабота веќе шест месеци бараат одговорност и правда за нивните деца, а протести се организираа и во други градови.