Македонија
Нема откажани летови од Скопскиот аеродром
Летовите од скопскиот аеродром „Александар Велики“ се одвиваат нормално, бидејќи не претставува проблем вулканскиот облак кој се шири од вулканот на глечерот Ејафјалајокул во Исланд.
Летовите од скопскиот аеродром „Александар Велики“ се одвиваат нормално, бидејќи не претставува проблем вулканскиот облак кој се шири од вулканот на глечерот Ејафјалајокул во Исланд.
„Летовите за Будимпешта, Виена, Љубљана и Прага се одвиваат нормално, нема откажан ниту еден лет од Скопскиот аеродром“, соопштија од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.
Од вулканскиот прав, што го исфрла вулканот на глечерот Ејафјалајокул, околу 120 километри источно од исландскиот главен град Рејкјавик, пепел лета и на шест километри височина и претставува закана за авионите со тоа што им ја смалува видливоста./крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

