Македонија
МВР:Заплената на оружјето е тежок удар за екстремистите
Очекувано е по големата полициска акција да се јават поединци и групи со различни ставови по медиумите, бидејќи заплената на оружје беше огромна и со тоа им се нанесе тежок удар на ваквите групи.
Очекувано е по големата полициска акција да се јават поединци и групи со различни ставови по медиумите, бидејќи заплената на оружје беше огромна и со тоа им се нанесе тежок удар на ваквите групи.
Ова реакцијата на Министерството за внатрешни работи, откако ОНА преку соопштение испратено по електронска пошта до редакцијата на Алсат-М телевизија, ја презеде одговорноста за инцидентот на Блаце.
„Се информира албанската јавност во БЈРМ дека на ден 28.04.2010 кај месноста Студен на Скопска Црна Гора, каде се наоѓал пункт за снабдување на ОНА, нашите војници наидоа на заседа на вооружените сили на славомакедонците“ стоеше во вчерашното соопштението испратено од организацијата.
Во него, дури се вели дека исходот од акцијата на полициските специјалци е “еден убиен од страната на непријателот и еден е полесно повреден војник од единицата за логистика на ОНА“. МВР оваа информација ја оценува како апсолутно неточна.
По соопштението владејачката ДУИ ги повика граѓаните да не подлегнуваат на вакви провокации.
„Лидерот на војната во Македонија беше и засекогаш ќе остане Али Ахмети“ стои во реакцијата на ДУИ. За опозициската ДПА, ваквиот став на ДУИ е заплашување не само на премиерот Никола Груевски, туку и на целата јавност.
Полицијата минатата недела во близина на македонско-косовската граница, по судир со група од 12 униформирани лица, кои ги чувале бункерите, заплени огромно количество современо оружје, вклучувајќи мини, рачни фрлачи, гранати и тешки митралези. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Во живо) Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција во седиштето на партијата.
Македонија
Меџити гласаше и упати порака до граѓаните: Не заборавајте дека секој глас е важен
Претседателот на Демократското движење и носител на листата на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити го оствари правото на глас.
„Почитувани граѓани, денес е важен ден за нашата демократија. Ве молам учествувајте на изборите и изразете го својот глас за иднината на нашата земја. Ова е должност кон себе и кон другите. На овој прекрасен и демократски ден, не заборавајте дека секој глас е важен“, рече Меџити.
Македонија
Силјановска-Давкова: Како одговорна граѓанка со својот глас ги удостоив и парламентарните и претседателските избори
Како одговорна граѓанка, со својот глас ги удостоив парламентарните и претседателските избори, информира Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за претседател на државата, по гласањето за парламентарни и претседателски избори.
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места беа отворени во седум часот, а беа затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните одлучуваа меѓу Гордана Силјановска-Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните избираат помеѓу 17-те изборни листи.