Македонија
Стабилизирана состојбата на повредениот работник од Железарница

Повредениот работник во вчерашната експлозија во Железарница Димо Пигуловиќ (33), денеска е во значително подобрена здравствена состојба, информираат од Градска болница од Скопје, каде пациентот вчера беше префрлен по тешките изгореници кои ги доби.
Повредениот работник во вчерашната експлозија во железарница Димо Пигуловиќ (33), денеска е во значително подобрена здравствена состојба, информираат од Градска болница од Скопје, каде пациентот вчера беше префрлен по тешките изгореници кои ги доби.
„Во текот на изминатите 24 часа состојбата кај пациентот е значително подобрена, значи клинички е стабилизиран. Состојбата на пациентот полека се стабилизира, имал среќа што немал аспирирано топлотна енергија низ горните дишни патишта“, изјави директорот на Градска болница Виктор Камиловски.
Камиловски информираше дека пациентот моментално се наоѓа во специјални кади и е во свесна состојба.
Пигуловиќ во текот на наредните неколку дена ќе биде ставен на оперативна програма и постепено ќе се обработуваат изгорениците.
„Не можеме денеска да кажеме какви компликации е можно да се јават, бидејќи се уште е рано, но можеме да кажеме дека сега за сега пациентот е стабилизиран“, додаде Камиловски./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска, променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.