Македонија
Мухамед Иса бил уапсен уште на 27 април
Мухамед Иса, осомничен за убиството на Рамадан Рамадани и едно од лицата, кои се наоѓаат на списокот со криминалци кои се кријат на Косово бил уапсен на 27 април, односно три дена по убиството за кое што се сомничи.
Мухамед Иса, осомничен за убиството на Рамадан Рамадани и едно од лицата, кои се наоѓаат на списокот со криминалци кои се кријат на Косово бил уапсен на 27 април, односно три дена по убиството за кое што се сомничи.
Иса го уапсила косовската гранична полиција кај селото Шурдан, сакајќи илегално да ја премине границата.
Портпаролот на МВР, Арбер Бека вели дека нема информации за други уапсени лица. Тој не сакаше да коментира ниту дали списокот е во рацете на косовските власти.
„Она што можам само да ви кажам е дека лицето е уапсено на 27 април во селото Шурбан, поради илегален премин на границата“ изјави Бека за Макфакс.
Македонското министерство за правда се уште не добило известување од Министерството за внатрешни работи дека ова лице е уапсено, па затоа не можеле да покренат ниту екстрадициона постапка.
На 24 април, Мухамед Иса го застрела Рамадан Рамадани, вработен во ЕВН, поради тоа што му ја исклучил струјата во неговата чајџилница.
По убиството, Иса избега,а полицијата го уапси неговиот татко Екрем Иса и му поднесе кривична пријава за недозволено поседување на оружје.
Иса досега немал полициско досие, но неговиот татко Екрем бил обвинет и осудуван на затворски казни. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.
Македонија
Мицкоски на средба со коалицијата: доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со претседателите на партиите во состав на коалицијата „Твоја Македонија“.
Беше констатирано дека коалицијата оствари успешен и историски резултат, кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.
Мицкоски доби поддршка од претседателите на коалициските партии за почнување преговори за состав на идната влада.
Според заклучокот на состанокот, разговорите треба да се водат врз основа на постулати за забрзан економски развој на Македонија, силна борба против криминалот и корупцијата и европските интеграции врз база на принципи и вредности, соопштија од партијата.