Македонија
Стечајците и денеска на штрајк пред Собрание и Влада
Околу сто штрајкувачи од Здружението на стечајци на ниво на Македонија УНИТ и денеска го изразија своето незадоволство пред Собранието, блокирајќи го сообраќајот во центарот на Скопје.
Околу сто штрајкувачи од Здружението на стечајци на ниво на Македонија УНИТ и денеска го изразија своето незадоволство пред Собранието, блокирајќи го сообраќајот во центарот на Скопје.
Стечајците од Прилеп, Гостивар, Куманово, Свети Николе и од Скопје бараат на лицата кои имаат над 50 години, останале без работа и имаат минимален работен стаж од 15 години, Владата да им обезбеди надоместок од 6.000 денари месечно.
„Денеска Маријанчо Николовски од СДСМ во Собранието ќе предложи закон за обезбедување и згрижување на поранешни работници на фирмите кои останале под стечај или биле ликвидирани, кои не земаат паричен надоместок од државата, изјави Претседателот на здружението на стечајци на ниво на Македонија, Лилјана Георгиевска.
Тие, како што велат, веќе неколку месеци наназад штрајкуваат со барање Владата да им обезбеди основна животна егзистенција.
Стечајците најавија дека ќе бидат до 14 часот ќе штрајкуваат пред Собранието, а потоа ќе се префрлат пред Владата каде ќе останат до 16.30 часот.
Штрајкувачите ги вознемирија возачите во градот, возилата сакаа да поминат низ групата стечајците но тие извикуваа „тука се бориме за парче леб”.
Минатата година стечајците штрајкуваа со глад, а од февруари оваа година интензивно доаѓаат еднаш недело на протести во Скопје, но нивните барања се уште не се прифатени. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

