Македонија
Кумановец барал 2000 евра за да не објави снимки од орален секс на Facebook

Полицијата уапси уценувач, кој на негов познаник му побарал најпрвин 500, а потоа 2.000 евра за да не објави компромитирачки снимки од него, на Facebook.
Полицијата уапси уценувач, кој на негов познаник му побарал најпрвин 500, а потоа 2.000 евра за да не објави компромитирачки снимки од него, на Facebook.
Дваесет и едногодишниот кумановец пред четири дена му пратил неколку СМС пораки на дваесет и едногодишниот тетовец и му понудил да се сретнат во Скопје на старата автобуска станица.
Со закана дека ќе го убие, кумановецот го натерал да седнат во некој кафе бар во близина на железничката.
Во кафе барот бил присутен само келнерот, а двајцата гости седнале на вториот кат. По кратко време кумановецот почнал да го удира тетовецот со тупаници по главата присилувајќи го на орален секс.
Гнасниот чин го снимал со мобилниот телефон на оштетениот, кој му го одзел заедно со 2.000 денари, го принудил да позајми 3.000 денари од негов другар и потоа под присила го однел во соба во населбата Влае.
Од таму со закани и тепање околу 23 часот, пешки од Влае се упатиле кон Новата железничка станица каде, како и претходно, неколку пати го присилил на орален секс.
Околу 00:30 часот му се заканил дека доколку до сабота не му исплати 2.000 евра, видео материјалот ќе го пушти на facebook.
Кумановецот продолжил да му се заканува, па вчера околу 13:30 часот се сретнале во трговскиот центар „Мавровка“ каде, оштетениот му исплатил 500 евра, а насилникот му ја вратил мемориската картичка со снимениот видео материјал.
Во тој момент полицијата го уапсила, а во текот на денот ќе биде изведен пред истражен судија./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.