Македонија
Скратени средствата за проектот Скопје 2014
Со ребалансот на буџетот ќе бидат скратени и неколку милиони евра предвидени за проектот Скопје 2014, како и за останатите проекти за да се дојде до вкупниот износ на заштеди што е потребен, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески
Со ребалансот на буџетот ќе бидат скратени и неколку милиони евра предвидени за проектот Скопје 2014, како и за останатите проекти за да се дојде до вкупниот износ на заштеди што е потребен, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на тркалезната маса за обезбедување на еднакви финансии на локалната самоуправа.
„Ребалансот нема да влијае на издавањето на еврообврзницата, тоа зависи само од условите на пазарот и каматната стапка кога ќе биде поволна каматната стапка тогаш ќе излеземе на европскиот пазар со обврзници”, рече вицепремиерот.
Буџетот на фондот за здравство ќе биде зголемен за милијарда и 120 милиони денари за да се подобрат условите на јавните здравствени установи, во пензискиот фонд се додаваат средства од 450 милиони денари за да не дојде до намалување на вкупниот буџет наменет за пензии.
Ставрески рече дека со мерките за штедење и намалувањето на платите од 10 отсто на државните функционери ќе се обезбедат неколку стотици милиони денари заштеда во текот на годината.
На тркалезната маса за фискалната децентрализација се дискутираше за овозможување на локалните самоуправи да обезбедат рамноправни и подобри услуги за сите граѓани како и локалните власти да го подобрат општиот економски напредок на земјата.
„Студијата има за цел да и помогне на Владата во воведување на поголема фискална распределба и обезбедува сценарија како може да се распределуваат средствата за локалните општини”, изјави Диадра Бојд претставник на УНДП.
Фискалната децентрализација е еден од факторите на економскиот развој за подобрување на квалитетот управувањето на општините претставува и втор значаен столб на Охридскиот рамковен договор.
„Владата ја покажува својата посветеност за унапредување на локалната самоуправа и заокружување на процесот на децентрализација”, рече Ставрески.
Претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски изјави дека во целта на овој проектот е да се создаде нов развоен систем на трансфер на финансиските средства меѓу централната и локалната власт.
Денешната тркалезна маса е во организација на УНДП, министерството за финансии, локалната самоуправа, ЗЕЛС како и претставници и професори од реномирани странски универзитети./крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

