Македонија
Сообраќајот во државата се одвива тековно и без забрани
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно без забрани. Коловозите се претежно суви, со местимична влажност на осојничавите места, како последица на врнежите од дожд во текот на изминатата ноќ.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно без забрани. Коловозите се претежно суви, со местимична влажност на осојничавите места, како последица на врнежите од дожд во текот на изминатата ноќ.
На патниот правец Ресен-Битола преку планинскиот превој Ѓавато сообраќајот сеуште се пренасочува по стариот пат Р-106 (од Ресен кон Битола и обратно) во должина од 5,5 километри.
На возачите им се препорачува внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Крајна внимателност низ клисурите и планинските превои каде е почеста појавата на поситни одрони, ова особено се однесува за патните правци Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Маврово – Дебар. Внимателно и на патниот правец Куманово – Табановце каде се изведуваат работи на пат.
Уште една напомена за крајна внимателност на патниот правец Катланово – Велес, каде наместа има одрони кои зафаќаат дел од левата коловозна лента. Со оглед на зголемената фреквенција на возила, на возачите им препорачуваме да ја почитуваат пропишаната брзина на движење, и да ја избегнуваат левата коловозна лента за возење и престигнување на тој дел од автопатот.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини, негово зголемување се бележи на патните правци кон туристичките места. Зголемена фреквенција на возила има и на влез во Македонија кај преминот Табановце, кои ќе се движат по автопатот Е-75 кон Грција на преминот Богородица.
На граничните премини нема подолги чекања. Само на Табановце за влез патничките возила и автобусите чекаат најмалку 40 минути./ крај/амсм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

