Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Што планира Црвенковски со името и идентитетот?
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно го праша лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски што планира со името на државата и идентитетот на македонскиот народ.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно го праша лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски што планира со името на државата и идентитетот на македонскиот народ.
„Дали нешто Црвенковски договорил и ако договорил што договорил? Дали нешто договара во моментов и превзема обврски и какви обврски превзема? И дали има намера и каква е неговата намера во иднина, во врска со името и идентитетот на Македонија?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција рече дека одговорот на овие прашања Црвенковски им го должи на македонските граѓани.
„Одговорот на овие прашања Бранко Црвенковски им го должи на македонските граѓани, затоа што многу пати во минатото сме виделе дека Црвенковски превзема обврски кои се на штета на Македонија и македонските граѓани, а потоа бездушно ги исполнува“, рече Ѓорчев.
Ѓорчев рече дека Црвенковски веќе подолго време одбива да даде одговор на прашањето што планира да направи за решавање на спорот за името, со идентитетот на македонскиот народ и со македонскиот јазик.
„Велат дека ќе ја внесат Република Македонија во ЕУ и НАТО, но не кажуваат како ќе го направат тоа, и по која цена ќе го направат тоа. Дали цената за тоа ќе биде идентитетот на Македонија, идентитетот на македонскиот народ, името на Република Македонија и менување на Уставот“, изјави Ѓорчев.
Од владејачката партија велат дека СДСМ не смее да крие од граѓаните на Република Македонија што мисли во врска со сите овие прашања./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ го чистат Скопје од снегот
ЈП „Комунална хигиена Скопје“ спроведува активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот, соопштија од претпријатието.
Активности за расчистување на снегот и мразот беа реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија.

Екипите на Претпријатието го расчистуваа реонот и околу Градската болница, Владата и Собранието на РМ. Спроведени се и активности за фрлање сол на пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и на сите пешачки мостови.
„ЈП ‘Комунална хигиена-Скопје’ ќе продолжи со активностите за расчистување на снегот и мразот во текот на денов и претстојната ноќ, во согласност со состојбата на терен“, се наведува во соопштението.
Македонија
Изминатите два дена 1026 сообраќајни прекршоци, уапсени пет лица за безобѕирно управување на возило
Изминатите два дена како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1026 издадени платни налози, 150 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле пет лица, сите за возење под дејство на алкохол.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите два дена евидентирани се 199 прекршоци за неправилно паркирање, 116 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 16 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле тројца возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 33 пешаци. Исто така санкционирани се 93 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 15 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а шест заради техничка неисправност. Санкционирани се и шест возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.
Македонија
Укината забраната за камиони на патот Струга – ГП Ќафасан
Во 10:45 часот на патниот правец А2 Струга – ГП Ќафасан се прекинува забраната за движење на тешки товарни возила, информира АМСМ.
Забрани за тешки товарни возила утрово се воведени на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.

