Македонија
Двете штипјанки ги злоставувале уште двајца повозрасни мажи
Двете малолетнички од Штип, кои вчера обвинија дека шеесет и петгодишен бизнисмен им плаќал за да има секс со нив, не се гледале само со него.
Двете малолетнички од Штип, кои вчера обвинија дека шеесет и петгодишен бизнисмен им плаќал за да има секс со нив, не се гледале само со него.
Во полиција пријавиле дека сексуално ги злоставувале и четириесет и двегодишен штипјанец и шеесет и тригодишно лице од Кочани.
Штипјанецот, како што пријавило едно од девојчињата, во јануари оваа година сексуално го злоставувал во неговиот автомобил шкода Октавија на излезот од Штип кон Велес.
Кочанчанецот па, го злоставувал другото девојче во јули 2010 година. Кога се случувало тоа и двете немале наполнето 14 години. Пред два дена во штипската полициска станица двете девојчиња го пријавиле случајот задно со своите родители.
Двајцата осомничени биле викнати во СВР Штип. Едниот појаснил дека ги познава оштетените, дека имал контакти со нив и дека им давал пари, сим картички и кредит, но негирал дека врз нив извршил обљуба. Другиот приведен се бранел со молчење.
Двајцата се предадени на истражен судија во Штип за понатамошна постапка со кривична пријава за полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

