Македонија
Приведени познати фалсификатори на кредитни картички

Познати фалсификатори на кредитни картички со целосна опрема за крадење од платежни картички се приведени на граничниот премин Табановце. Фалсификаторите биле фатени кога се враќале од одмор.
Познати фалсификатори на кредитни картички со целосна опрема за крадење од платежни картички се приведени на граничниот премин Табановце. Фалсификаторите биле фатени кога се враќале од одмор.
Во јули познатиот крадец на картички Габеров, набавил уред за прибирање на банкарски податоци – скимер, како и две лажни платежни картички. На Табановце биле запрени со неговата сопатничка, а Габеров бил приведен бидејќи по него била распишана меѓународна потерница.
Во чантата на сопатничката биле најдени делови од скимерот, батерија за напојување, две фалс картички од странски банки и листови на која била водена рачна евиденција за извршени трансакции од банкомат.
Против двајцата е поднесена кривична пријава за употреба на лажна платежна картичка./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).
Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.