Македонија
Комисијата утврди дека Ивановски сепак бил кодош
Претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски соработувал со службите на безбедност, утврди на денешната седница Комисијата за верификација на фактите, по три дена од неговото јавно соочување со членовите на Комисијата.
Претседателот на Уставниот суд, Трендафил Ивановски соработувал со службите на безбедност, утврди на денешната седница Комисијата за верификација на фактите, по три дена од неговото јавно соочување со членовите на Комисијата.
„Донесовме решение дека ние и понатаму остануваме на нашиот заклучок дека подносителот на изјавата не ги исполнува условите за вршење на јавна функција и во текот на денешниот ден ќе му го доставиме решението на носителот на јавната функција“, изјави Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на фактите.
Одлуката била донесена едногласно, а од Комисијата не гледаат ништо спорно во нивното гласање.
„Ние никогаш не се надгласуваме. Комисијата одлучува на седници со мнозинство гласови, тоа е законска формулација и ние ја почитуваме. Секогаш одлучуваме со мнозинство гласови. Должни сме да ги почитуваме гласовите на сите членови на комисијата“ изјави Аџиев.
Изјавата која јавно ја даде Ивановски, од Комисијата не биле должни да ја земат во предвид, тие одлучувале врз основа на документите и податоците кои им биле доставени од органите.
За нив изјавата на Ивановски не е фарса, бидејќи немало законски основ тие да го менуваат заклучокот по неговата дадена изјава.
Неговото излагање, Ивановски може да го искористи пред Управниот суд, за што има право на жалба во рок од осум дена.
Во однос на пратениците, од Комисијата велат дека не се утврдени сите нивни изјави, се уште се утврдуваат изјавите на новите пратеници, за останатите било утврдено дека не соработувале со тајните служби.
Членовите не чувствуваат никаков политички притисок и сметат дека Комисијата не го изгубила кредибилитетот и покрај се позачестените отворени писма меѓу политичарите.
„Тоа воопшто нас не не интересира, си пишуваат писма политичарите, тоа нас воопшто не не задира“ додава Аџиев.
Во понеделникот Ивановски пред членовите на Комисијата, јавно ги изнесе своите факти и посочи дека е жртва на политичка хајка. Од Уставниот суд за утре најавија прес – конференција на претседателот на судот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

