Македонија
Балканот се гуши во корупција
Балканот се гуши во корупција, a Македонија и Бугарија како земји излезени од поранешниот социјализам се соочуваат со слични проблеми во борбата со корупцијата, е заклучокот од презентацијата на извештајот „Злосторство без казна“ за корупцијата во Бугарија.
Балканот се гуши во корупција, a Македонија и Бугарија како земји излезени од поранешниот социјализам се соочуваат со слични проблеми во борбата со корупцијата. Ова е заклучокот од презентацијата на извештајот „Злосторство без казна“ за корупцијата во Бугарија.
По 2007 година, кога Бугарија влезе во Европската Унија се забележаа некои позитивни трендови во борбата против корупцијата, но се појавуваат други видови на корупција, политичката корупција и навлегувањето на корупцијата во невладиниот сектор.
Претставници на Бугарија денеска го презентираат извештајот кој претставува анализа на состојбите со корупцијата во Бугарија. Тие објаснуваат дека по влезот на Бугарија во ЕУ, Владата станала главен актер во дистрибуцијата на средства од Европската унија.
Ова претставувало директен начин да се злоупотребат средствата во приватни цели, за политички партии, што води кон криминализација на државата и ставање во едно на државата и организираниот криминал.
Невладините организации, чиј број во периодот од 2000 – 2007 година се зголемил за пет пати, а голем број од нив биле основани од високи државни функционери.
Сега се поставува прашање дали ваквата практика ќе се повтори и во Македонија?
„Откако се појави оваа голема сила да дистрибуира средства, некои од институциите беа доведени во искушение да ги искористат, злоупотребат овие средства. Не сакам да кажам дека Македонија ќе ја повтори оваа негативна појава, но сакаме да ви укажеме на тоа што може да се случи ако Владата, граѓанското општество, не обрнат доволно внимание на сите можни ризици и да создадат јаки контролни механизми“ изјави директорот на правната програма во Центарот за проучување на демократијата од Бугарија, Мариа Јорданова.
Според претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Илми Селами, главни предуслови за успешна борба против корупцијата се солидната нормативна и институционална рамка, но и политичка волја.
„Доколку нема политичка волја во една држава односно политичка волја од страна на оние кои се носители на властите во државата, било на централно или локално ниво, попусто говориме за коруцијата, бидејќи сите напори што се прават во борбата против корупцијата се само декларативни. Политичката волја кај нас е многу варијабилна, почнува од помпезниот акции, кампањска борба против корупцијата па се до моменти на реална политичка волја. Но сакам да укажам дека политичката волја треба да има права линија. Борбата против корупцијата да биде постојана не само со помпезни најави, туку реална политичка волја, која реално ќе ја помогне борбата против корупцијата“ рече Селами.
Тој ги повика државниот завод за ревизија, јавниот обвинител и сите институции, како и граѓанското општество за поефикасна борба против корупцијата. Селами порача дека самостојната борба на Државната комисија за спречување на корупција, воопшто не е можна. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

