Контакт

Македонија

Учителите му откажуваат љубов на СОНК

Објавено пред

Учителите од планинските села околу Скопје денес нема да држат настава во знак на протест поради тоа што Дојчин ги изневерил нивните штрајкувачки барања

dobivaj vesti na viber

Над 250 наставници од одделенска и предметна настава од планинските села на Скопска Црна Гора, планинските села под Јакупица, Шар Планина и Китка, иако целосно ја дадоа подршката на СОНК во организација на протестот на образованието, останаа со прстот во уста, поради тоа што веќе три месеци, почнувајќи од јануари, не им се исплатени трошоци за патување до работните места, иако некои подрачни училишта од централните се оддалечени и над 50 километри. Исто така, иако според одлуките на Владата на РМ и Законот за исплата на плати, платите на вработените во образованието не се исплаќаат во законскиот рок до 15 во месецот, туку после 25 до 30 во месецот.Револтирани од односот на СОНК и Владата на Република Македонија просветните планински работници ги повикуваат своите колеги масовно да го напуштаат СОНК, да не издвојуваат средства во синдикалната каса кои сигурно веќе се злоупотребени во договор со Владата на РМ и во денеска да го прекинат наставниот процес, како би ги оствариле своите права по однос на платите и би ја дале подршката на колегите кои веќе три месеци со позајмени пари патуваат по 50 километри за редовно да ја одржуваат наставата. Исто така наставниците од селата оддалечени повеќе од 20 километри од подрачните училишта денеска нема да допатуваат до своите работни места и ќе протестираат во просториите на централните основни училишта. Воедно, во петок на 20 март ќе одржат прес-конференција на која ќе ја побараат подршката од родителите на учениците(дури и од оние кои ги осудуваа за време на штрајкот на просветарите) и ќе повикаат на бојкот на претстојните избори.

Наставнички незадоволен кадар најави бојкот



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Обдукцискиот наод за Вања се уште не е изготвен и доставен до обвинителството

Објавено пред

Обдукцискиот наод за 14 годишната Вања Ѓорчевска се уште не е изготвен и доставен до обвинителството, велат оттаму.

dobivaj vesti na viber

Од обвинителството додаваат дека се во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина.

Повеќе детали за анализите и проверките кои се прават не се соопштуваат во интерес на истрагата.

Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста, велат од ОЈО.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Близок соработик на Мицкоски фатен со кокаин; ВМРО-ДПМНЕ: Толоманоски по пријавата е разрешен

Објавено пред

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин, вели СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Како што информираше МВР, вчера на 9-ти декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин. Станува збор за Александар Толоманоски-Дандаро, близок на Мицкоски и градоначалникот Пецаков. Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и кажува многу за какви луѓе станува збор.Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски а не само Белата палата!?“, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, враќаат: „Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид“.

Тој во најитен рок ќе биде и исклучен од партијата. Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос. ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува за секое незаконско однесување и постапување без оглед на политичка, верска или било каква друга припадност“, реагираа од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Маричиќ: Мора силно да се залагаме за мирно разрешување на конфликтите низ дијалог и дипломатија

Објавено пред

Во честитката по повод денешниот празник, заменик претеседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ потсетува на клучниот постулат на Универзалната декларација на ОН од 10 декември 1948 година: „Сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“.

dobivaj vesti na viber

„Во време кога светот е изложен на сериозни, драматични, трагични воени и терористички акти, кога е загрозено првото и најважно човеково право, правото на живот, мора силно да се залагаме за мирно разрешување на конфликтите низ дијалог и дипломатија, за меѓусебна толeранција и разбирање. Затоа, да прифатиме да не зборуваме за подобрување на човековите права само на 10 декември, туку да зборуваме и да работиме на тоа секој ден во годината“, напиша Маричиќ.

Маричиќ потсетува „наша обврска денес е да бидеме дел од оние што учествуваат во зајакнувањето на меѓународниот систем за почитување на човековите права, да ги развиваме стандардите и максимално да настојуваме на исполнувањето на обврските“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет58 минути

Нетанјаху изрази загриженост за „анти-израелската позиција“ на Русија

Израелскиот лидер денеска разговараше со Владимир Путин и го изрази своето незадоволство поради „анти-израелската позиција“ заземена од претставниците на Москва...

Македонија1 час

Обдукцискиот наод за Вања се уште не е изготвен и доставен до обвинителството

Обдукцискиот наод за 14 годишната Вања Ѓорчевска се уште не е изготвен и доставен до обвинителството, велат оттаму. Од обвинителството...

Македонија1 час

СДСМ: Близок соработик на Мицкоски фатен со кокаин; ВМРО-ДПМНЕ: Толоманоски по пријавата е разрешен

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин, вели СДСМ. „Како што информираше...

Свет2 часа

Путин: Западот никогаш нема да успее да ја ослаби и уништи Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека западните земји се обиделе да ја ослабат и уништат Русија, но дека тоа никогаш...

Македонија2 часа

Маричиќ: Мора силно да се залагаме за мирно разрешување на конфликтите низ дијалог и дипломатија

Во честитката по повод денешниот празник, заменик претеседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ потсетува на клучниот постулат...

Македонија2 часа

Битиќи: Македонија негува стабилно, правично и инклузивно општество

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, во својата објава на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права...

Македонија2 часа

Костадиновска-Стојчевска: Продолжуваме да се бориме против дискриминацијата, насилството и неправдата

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во честитката на социјалните мрежи по повод Меѓународниот ден на човековите права напиша дека „и...

Топ2 часа

Пешак го загуби животот откако бил прегазен на улица во Нов Дојран

Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако вчеравечер во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов...

Економија2 часа

Вучиќ најави изградба на гасна интерконекција кон Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со колегите од Софија и Баку денеска во Ниш ја пуштија во употреба гасната...

Македонија4 часа

Герасимовски: Ниту сум имал контакт, ниту сум дал дозвола на хрватски новинари да влезат во Песталоци

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, демантира дека дал дозвола на хрватски медиуми да влезат во училиштето каде учеше Вања....

Македонија5 часа

Нови шокантни детали од Ковачки: „Безбеден Град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Оливер Спасовски е должен да и одговори на македонската јавност зошто на 4 декември за време на неговата прес-конференција, излажа...

Македонија6 часа

Скандал: директорката на училиштето каде учеше Вања избркала хрватски новинари – „Избришете ги сите фотографии!“

Директорката на „Јохан Хајнрих Песталоци“, училиштето каде што учеше Вања, не им дозволила на хрватски репортери да фотографираат и ги...

Свет7 часа

(Видео) Сите очи вперени кон Аргентина: денеска инаугурацијата на Мајли, пристигна и Зеленски

ВО ГЛАВНИОТ град на Аргентина, Буенос Аирес, се е подготвено за денешната инаугурација на новиот претседател Хавиер Мајли, човекот кој...

Свет7 часа

Обединети нации: 9 од 10 луѓе во Газа не можат да јадат секој ден

Висок претставник на Светската програма за храна на Обединетите нации денеска предупреди дека половина од населението во Појасот Газа гладува...

Свет8 часа

„Ова е ментална болест!“ – Ердоган ѝ удри шлаканица на Америка, па постави прашање на кое цел свет чека одговор

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го искористи говорот за човекови права за да го обвини Западот за „варварство“ поради неговиот...

Свет8 часа

(Фото) Од птичја перспектива: еве каде живеат Палестинците додека траат борбите меѓу Израел и Хамас

Повеќето од 2,3 милиони жители на Газа биле принудени да ги напуштат своите домови, често неколкупати, откако Израел им нареди...

Свет8 часа

„Животот му е во опасност“ – ни трага, ни глас од најголемиот непријател на Путин

Поддржувачите на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални велат дека немаат контакт со него веќе три дена. Претседателката на неговата...

Свет8 часа

Загинаа шест лица, меѓу нив и дете: торнадо направи хаос во Америка

Шест лица загинаа, а 23 се повредени во торнадо што ја погоди американската сојузна држава Тенеси, соопштија локалните власти. Меѓу...

Македонија20 часа

По објавата на „Макфакс“: МВР го бара човекот кој стои зад лажниот профил што повика на протест и бесење на Спасовски

По објавата на „Макфакс“ дека лажен профил потпишан како „Ѓоре Ајтов“ повикува на немири и протести за да го ослободат...

Регион23 часа

„Што ако детето ми е киднапирано?“ – се огласи мајката на исчезнатата Сара

Сара Петровиќ (17) од Борча, Белград, исчезна денеска околу 13 часот, последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“....