Македонија
Венко по музиката се релаксира со баскет
Со првото сонце во Скопје, го „уловивме“ Венко Серафимов, по рекреативнот баскет со другарите
Познатиот македонски музичар, композитор и автор на музика за театарски претстави Венко Серафимов, конечно го видовме надвор од студио. Тој во измикнатиов период интензивно работеше на повеќе музички проекти, а со првото (долго очекувано) сонце во градот, Венко најде време да се релаксира со баскет!Венко е одличен музичар, но добар е и под кошевите. А баскетот кој со себе го носи (што се гледа од приложената фотографија) само покажува дека Венко сериозно ја сфатил работата со спортските активности во неговото маало!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Власта на ВМРО-ДПМНЕ е неспособна и во лето и во зима, граѓаните заглавени во снегот, а државните служби повторно се изненадени
Секој ден се повеќе станува јасно дека неспособноста на оваа власт не само што е алармантна, туку и опасна за безбедноста и секојдневниот живот на граѓаните, оценуваат од СДСМ.
„Патиштата ширум државата се целосно неисчистени, граѓаните остануваат заглавени во снегот, а државните служби повторно се „изненадени“ од временските услови, како да е јули а не декември. Превојот Стража е блокиран и не може да се помине. Автопатот Скопје-Тетово-Гостивар, кој е од клучно значење, не е исчистен, а движењето по превојот Плетвар е отежнато, со сериозни ризици за возачите. Патот до Галичник е непрооден веќе еден месец, оставајќи го локалното население во целосна изолација. Граѓаните се оставени сами на себе, додека Македонија пат и Министерството за внатрешни работи не покажуваат никаква координација или способност за решавање на проблемите.
Летото зад нас го обележаа катастрофални пожари, при што изгореа десет проценти од територијата на државата, поради несоодветно управување и задоцнета реакција. Наместо да научи од своите грешки, власта продолжува со истата епска неспособност и денес, во зимски услови, го доведува населението во сериозен ризик“ , реагираат од опозициската партија.
СДСМ уште еднаш укажува дека ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане да ги игнорира своите обврски кон граѓаните и да почне да работи, да управува со државата со сериозност и одговорност. Ако не се способни да го направат тоа, како што додаваат, нивното место е надвор од власта, бидејќи државата и нејзините граѓани заслужуваат подобро.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Прилеп – Македонски Брод преку планинскиот превој Барбарос
Од 18:00 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп – Македонски Брод преку планинскиот превој Барбарос е нормализиран.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
„Скопска Новогодишна приказна“ – Кисела Вода организира дочек на Новата 2025 година
На платото пред спортската сала Расадник, Општина Кисела Вода ќе организира весела и незаборавна прослава на Новата 2025 година. На 31 декември, под слоганот „Скопска Новогодишна приказна“, жителите на Кисела Вода и сите граѓани на Скопје ќе имаат можност да уживаат во целодневна програма со богати содржини за сите генерации, информираат од општината.
Настанот започнува во 10:30 часот со настап на Балетското студио „Лебед“, а ќе продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. Малите посетители ќе уживаат во настапот на „Поточиња“, аниматорите и задолжителниот Дедо Мраз, кој овој пат ќе биде во друштво на ликот Гринч.
Вечерната програма започнува во 20:00 часот со настап на популарната група „Куку Леле,“ продолжува со Игор Џамбазов, кој е и водител на вечерта, а ќе настапи заедно со „Гуру Харе Бенд.“ Потоа, на сцената ќе се појават ДНК и Врчак, а кулминацијата и пречекот на Новата година ќе го означи настапот на Лозано.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски нагласува дека Кисела Вода повторно се позиционира како општина која знае да организира врвни настани со квалитетна музичка понуда, потсетувајќи на успешните културни лета кои со години привлекуваат голем број посетители.
-Додека од Град Скопје нема никаква најава за организирана прослава за најлудата ноќ, Општина Кисела Вода уште еднаш докажува дека е лидер во организирањето културни настани. Со домашни изведувачи кои се миленици на публиката, создадовме програма која ги обединува генерациите. Ова е наш подарок не само за жителите на општината, туку за целиот град. Ги поканувам сите скопјани да ни се придружат и заедно да ја пречекаме 2025 година со многу радост, музика и убави мигови. Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа „Скопска Новогодишна приказна“, која ветува незаборавна забава и многу позитивна енергија- изјави Ѓорѓиевски.