Македонија
Едубунту ќе ги замени училишните табли и дневници
Професорите во училиштата деновиве го учат оперативниот систем Едубунту, кој претставува едукативна програма за предавање на наставните содржини на часовите.
Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, дректорката на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ и потпретседателот на Владата Зоран Ставревски денеска видоа како се одвива четири дневната обука на професорите за овој оперативен систем во средното училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“ во Скопје. На последниот ден од обуката во ова училиште, министерот Ивановски смета дека програмата е успешна, а професорите се задоволни од обуката.Едубунту е оперативен систем од семејството Линукс и е бесплатен. Тој се користи во сите модерни образовни центри во Европа и САД, па затоа Владата го селектирала токму него. Тој доаѓа со апликативен софтвер прилагоден за образованието, а има и голем број програми кои бесплатно можат да се симнат од интернет. „Постојат поголем број на алатки кои се употребуваат за одредени предмети. За физика или за математика има 42 алатки, кои служат за олеснување на објаснувањето на лекциите“, соопшти директорката на Бирото за развој на образованието, Весна Хорватовиќ.Покрај тоа, алатките се интерактивни, односно го збогатуваат изучувањето на предвидените наставни планови. Наместо да се користи табла и креда, во што според Хорватовиќ се губи многу време, на вакво начин визуелно и преку практична примена и наставникот и учениците навлегуваат во материјата. „Дополнително со овој софтвер ќе се инсталира и електронски дневник каде што сите оценки електронски ќе се внесуваат, па така сите родители ќе можат да ги следат оценките на своите деца од своите домови“, рече министерот Ивановски.Преку софтверот ќе може и да се следат активностите на наставниците и истите да се вреднуваат од страна на Бирото за развој. Ваквите обуки се одвиваат во средните училишта на целата територија на земјава. Обуките според Бирото за развој на образованието треба да бидат комплетирани до средината на мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.