Македонија
Сезонските работници почнаа пролетна генералка во Општина Аеродром
Сезонските работници што ги ангажираше Општина Аеродром за расчистување и одржување на хигиената целата територија, деновиве со зголемен интензитет ги извршуваат работните задачи и активности
Дел од сезонците работеа и за време на Велигденските празници, односно беа дежурни заради собирање на сметот од тревниците и пешачките патеки, а ги празнеа и кантите за отпадоци. Инаку, според однапред подготвен план на дневни активности, шеесетината ангажирани сезонски работници ги чистат зелените површини, собираат смет и ги метат паркинзите и плочниците меѓу и околу зградите во сите населби во Општината, а се расчистува и средишната линија и тревните површини покрај булеварот „Јане Сандански“ од каде што собираат хартии, конзерви и други отпадоци.Исто така, во соработка со јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и под надзор на четворица земјоделски инженери, сезонските работници ја косат израснатата трева во Ново Лисиче.Надлежните лица од Општина Аеродром, секојдневно излегуваат на терен и вршат контрола, надзор и координација меѓу сезонските работници, земјоделските инженери и екипите на јавните претпријати „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“, ги обезбедуваат со потребниот алат и опрема и водат сметка за извршувањето на дневните работни задачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

