Македонија
Скопски маратон по трет пат во главниот град
Скопскиот маратон ќе се оджи во ведела, по трет пат, откако беше возобновен по иницијатива на европратеникот, Ерван Фуере
Во недела со почеток во 9 часот, ќе започнат четирите трки на овогодинешниот Скопски маратон и тоа на 2 илјади метри за основци, 5 илјади метри за рекреативци, и полумаратонот и маратонот за професионалци. Годинава, Скопскиот маратон влезе во Светската асоцијација на маратони, па официјалното постигнато време или рекорд ќе му биде признат на победникот, информираа од Организациониот одбор. “Оваа година официјално сме примени во Светската асоцијација за маратонски трчања, оттаму добивме стручен експерт, којшто беше и ја измери патеката, добивме Сертификат за тоа, и од оваа година ќе почнеме да ги бележиме рекордите на Скопскиот маратон“, рече Ѓорѓи Кузмановски, претседател на Организациониот комитет на маратонот.На маратонот можат да учествуваат сите, а за полумаратонската и маратонската трка се плаќа котација од 300 денари, додека за трката на 5 илјади метри, котацијата е 100 денари. Овогодинешниот фонд на награди е зголемен, а првата награда во машка и женска конкуренција за маратонската трка изнесува 1.700 евра, соопштија од организацијата. Соето учество веќе го имаат најавено ланските победници во машкиот и женскиот дел од маратонот, како што соопштија организаторите на денешната прес-конференција. Исто така, пријавени се повеќе учесници од Србија, Хрватска, Молдавија, Црна Гора, Италија и други земји. Рокот за пријавување е до утре, за професионалните трки, односно до 8 мај за трката на 5 илјади метри. Патеката за маратон се протега од населбата Влае до населбата Аеродром, а со оглед на тоа што маратонот се трча по скопските улици, в недела ќе има посебен режим на сообраќај од 8 часот до 14 часот. “Одржувањето на Скопскиот маратон претставува традиција во нашата метропола, со кој се популаризира физичката активност, наспроти брзиот начин на живеење“, рече градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.Поддржувачите на маратонот се надеваат дека тој ќе прерасне во традиција на Скопје и дека ќе се постигнуваат рекорди кои ќе бидат пренесувани и во Европа.“Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт и во претходниот период работи на популаризација на повеќе сегменти од спортот, посебно на развојот на масовнниот спорт“, рече Драган Ѓурчевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, повикувајќи ги граѓаните во што поголем број да се вклучат во Скопскиот маратон. Ерван Фуере, се надева дека Скопскиот маратон ќе опстане и по неговото заминување, а го смета за свој придонес за една метропола како што е македонскиот главен град.Покровители на Скопскиот маратон се Канцеларијата на Европската Унија, градот Скопје и Агенцијата за млади и спорт, а во неговата организација се вклучени повеќе од 150 волонтери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) СДСМ алармира за унгарско медиумско влијание
Антикорупцискиот тим на СДСМ го разоткрил, како што наведуваат, „медиумскиот октопод“ поврзан со ВМРО-ДПМНЕ, кој, според нив, функционира како политичка алатка за ширење на влијанието на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Северна Македонија.
На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, изјави дека унгарски компании и поранешни високи функционери од унгарскиот јавен сервис систематски купувале контролни удели во македонски телевизии и портали. Како примери ги наведе фирмите „Target Media“ и „Adinamic Media“, како и медиумските групации поврзани со Алфа ТВ и повеќе онлајн портали.
Според Фрчкоски, овие структури служат како канали за политичко и идеолошко влијание и се дел од поширок проект на Орбан, во кој ВМРО дејствува како локален извршител. Во тој контекст, тој ја спомена и одлуката на Владата за влез на унгарската компанија 4iG во телекомуникацискиот сектор.
Македонија
(Видео) Герасимовски: Преку Сервисот за стари лица, нашите сограѓани добиваат помош, грижа и човечка топлина во домот
Општина Центар продолжува да обезбедува непосредна поддршка за своите повозрасни сограѓани преку проектот „Сервис за стари лица – Центар се грижи за возрасните“.
Една од корисниците е 72-годишната Снежана Димовска, која се движи со потешкотии и веќе четири години ја користи услугата. Од самиот почеток таа ја има истата негувателка Јулијана Алексоска Анчевска, која трипати неделно по два часа ѝ помага во одржување на личната хигиена, движењето, домаќинството, посетите кај лекар и набавката на лекови. Преку оваа поддршка, Снежана не само што ја добива неопходната помош во секојдневието, туку го поминува времето во разговор, социјализација и добро расположение, информира општина Центар.
„Станува збор за многу успешен проект од кој корисниците се исклучително задоволни. Со оваа услуга, која општина Центар ја спроведува во соработка со невладината организација „Хуманост“, обезбедуваме директна грижа и поддршка за повозрасните жители во нивните домаќинства. Месечно услугата опфаќа околу 100 жители“, потврдува и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Преку проектот на нега за стари лица, корисниците бесплатно добиваат помош и поддршка од стручни и обучени лица, вклучително негуватели, физиотерапевт и социјален работник, директно во својот дом.
Право на користење на услугата имаат лица постари од 62 години, кои се корисници на пензија или социјална помош, со месечни примања до 35.000 денари и со живеалиште на територија на Општина Центар, се додава во соопштението.
Македонија
8.000 денари еднократна финансиска помош за секое новороденче во општина Ѓорче Петров
Општина Ѓорче Петров воведува зголемена финансиска поддршка за секое новородено дете. Од оваа година, секое семејство ќе добива 8.000 денари еднократна финансиска помош, како конкретна поддршка во најубавите, но и најодговорни моменти од родителството, велат од Општината.
Со оваа мерка, Општината испраќа јасна порака за посветеност кон семејството, децата и демографскиот развој, како и континуирана грижа за младите брачни парови кои ја градат својата иднина во Ѓорче Петров.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека оваа одлука е дел од пошироката визија за зајакнување на семејството како темел на локалната заедница:
„Секое новородено дете е нов почеток, надеж и наша заедничка одговорност. Со оваа зголемена финансиска поддршка испраќаме јасна порака дека стоиме зад младите семејства и дека инвестираме во животот од самиот почеток. Грижата за децата не е трошок, туку највредната инвестиција во иднината на нашата општина.“
Финансиската поддршка од 8.000 денари претставува директна помош за родителите, но и симбол на општинска политика насочена кон создавање сигурна, стабилна и охрабрувачка средина за раст, развој и достоинствено детство, додаваат од Општината.

