Македонија
Груевски: Визната либерализација признание на сработеното во изминатите три години
Визната либерализација без сомнение е изработена од Владата, а Европската Комисија оценувајќи ја со високи оценки го даде признанието на се она што е сработено во минатите три години
При денешната посета на премиерот Никола Груевски на археолошкиот локалитет Скопска тврдина Кале, тој одговараше на прашања на новинарите. Премиерот Груевски притоа потенцираше дека укинувањето на визите не претставува никаква компензација со меѓународната заедница за недобивањето покана за членство во НАТО.„Визната либерализација е изработена од Владата и тука нема сомнение. Работевме три години, почнувајќи од визниот центар, биометриските пасоши, инегрираното гранично управување, борбата против корупција и криминал, односот спрема луѓето кои бараат азил во Македонија“, изјави премиерот.Груевски изјави дека сега фокусот на работата на Владата е поставен врз завршувањето на сите обврски во врска со добивањето позитивен извештај од Европскта Унија.„Ќе сториме се’ што можеме сите други работи од исумтте бенџмаркови да ги завршиме до крајот на септември, бидејќи извештајот ќе биде предаден во октомври. Правиме се’ што можеме заради нашите граѓани, бидејќи тоа ќе го подобри животот, а и поради евроатланските интеграции кои и се потребни на Македонија“, додаде премиерот Груевски.Греувски повтрои дека визното олеснување ќе им помогне на граѓаните слободно да патуваат во странство и ќе приодоенсе за поинтегрирачки однос на општеството.„Осумнаесет години сме под визни режими и да не го заборавиме фактот на стоење пред амбасадите до пет часот наутро, понекогаш понижувачки однос кон граѓаните, долги редици, разни документи кои неможат да ги најдат, а немаат лоша намера, само сакаат да отпатуваат. На сето тоа сега му доаѓа крајот“, потсети Груевски.Одговарајќи на прашањето на новинарите дали може да ни наштети писмото на американските професори до претседателот на САД Барак Обама, Груевски одговори дека тоа не може да наштети.„Тоа е обид на грчкото лоби да издејствува подобра позиција за нивната држава, а колку што знам и нашата дијаспора дава максимум во нејзина моќ преку разни форми да лобира и да потсети на македонското прашање и проблемот со кој се соочуваме. Мислам дека САД тие имаат цврсто определена надворешна политика и точно знаат што сакаат и знаат дека Македонија е стратешки партнер на Америка и имаме одлични односи“, смета македонскиот премиер.МЕѓу другите прашања што му беа поставени, Груевски одговори и на пршањето што ќе значи враќањето на Бранко Црвенковски на политичката сцена, од што тој лично, како што изјави не очекува некоја крупна работа.„Тоа ќе претставува враќање на работењето од едно време, стар филм од 1992-94 г., години кога Македонија не се движеше туку можеби стоеше во место и се уназадуваше. Не очекувам некоја крупна работа освен појава на неговите стари политички игри, трикови и подмесувања на кои веќе сме навикнати и сме научени да ги надминеме. Граѓаните ќе имаат можност на следните избори да изберат опција, дали ги сакаат годините на корупција кога цутеше криминалот во земјава и требаше да си дел од некоја тајфа за да приватизираш и ги избркаш работниците, имаше мал број на странски инвестиции итн“, смета премиерот Груевки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон, кои им биле мотивите и колку профитирале, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински цели се врши исклучиво во затворен простор.
СДС и Заев со ваквиот подзаконски акт овозможиле производство на канабис на нива, што отвора сериозни дилеми во однос на исполнувањето на ГМП стандардите. Доколку не се исполнети овие норми, финалниот производ, маслото од канабис не би можел да биде соодветно лиценциран ниту пласиран во промет за потребите на пациентите.
Владата на СДС на чело со Заев и Филипче свесно и намерно го сменила правилникот.
Во 2020 СДС на чело со Заев и Филипче имаа иницијатива за поширока легализација на марихуаната, како и на значителното зголемување на бројот на издадени лиценци за медицински канабис, особено во струмичкиот регион“.
Според владејачката партија, сомнежите и индициите за злоупотреба на производството на канабис и криминалот со дрогата дополнително се зголемија по заплената на голема количина марихуана од компанија во Ново Село, поврзувана со лице блиски на СДС и Заеви.
Прашуваат, зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на Закон, кои им биле мотивите и колку профитирале.
„Дали измените на правилникот се донесени по конкретна насока од Заев, и дали со нив се отворил простор за можни злоупотреби и незаконска трговија?
Потребни се ред, одговорност и темелна институционална истрага. Надлежните органи треба целосно да ги испитаат сите наводи и сомнежи“.
Македонија
„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во Тетово, каде живи изгореа 14 луѓе. За ова говоревме минатата година во „Афера – Провизии кои чинат животи’’ каде посочивме на низа пропусти и недоследности, но продолжената рака на СДС Коцевски, цврсто ги чуваше кривичните пријави и докази за Филипче во фиока“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Според сведоштвото на Кадриу, вечерта на несреќата таа била повикана да се вклучи во истрагата, а подоцна ѝ се приклучиле и претставници од обвинителство меѓу кои тогашниот ДЈО Јовевски кој дошол со двајца свои обвинители.
Улогата на ДЈО Јовевски и останатите била процесот да го држат под нивен надзор и контрола.
Според Кадриу, околу 30 милиони евра биле обезбедени за изградба на овие објекти. Светската банка тогаш одобрила средства за изградба на модуларни болници на територија на Македонија.
Венко Филипче бил министер кога се изработувала техничката спецификација за модуларните болници. Градбата на модуларната болница, била направена од панели рециклирани со пурпена, кои тогаш не чинеле повеќе од 5-6 евра. Додека пак, оние подобрите и поквалитетните, како на пример панели со камена волна кои не горат до 40 минути, чинеле околу 17 евра. Во превод, според Кадриу, овие модуларни болници чинеле околу 300.000 евра, сите, а биле обезбедени за оваа намена 30 милиони евра.
Во чиј џеб завршиле парите?
Дополнително за објектот во Тетово, не бил изработен соодветен елаборат за електрична енергија, што дополнително влијаело на безбедноста.
Зошто немало соодветен елаборат за електрична енергија?
Зошто не се користеле квалитетни материјали?
Зошто се искористени минимум од дозволените средства?
Филипче одбил алтернативни предлози за згрижување на ковид-пациенти во рамки на постојните болнички капацитети.
Филипче ја одбил понудата на тогашниот медицински директор, кој понудил сместување на КОВИД пациенти, на двата спрата во тетовската болница кои стоеле така празни. Филипче тоа го одбил, поради тоа што овие модуларни болници морале да бидат изградени.
Вистинските виновници за модуларната болница во Тетово мора да одговараат пред законите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Празнувајте со срце, возете со разум – без алкохол зад воланот на овој празник на виното и љубовта, апелира РСБСП
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници за внимателно, совесно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на виното и љубовта 14 Февруари – Свети Трифун и Ден на вљубените.
„Празниците се време за радост, блискост и споделени мигови со саканите. Но, вистинското прославување е онаа по која сите безбедно се враќаме дома. Затоа, не дозволувајте момент на невнимание да ја засени убавината на празникот. РСБСП потсетува: – Доколку консумирате алкохол – не седнувајте зад волан. Изберете јавен превоз, такси или возач кој не конзумирал аклохол. – Возете внимателно, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи,грижете се за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Сакајте и почитувајте го својот и животот на другите – затоа што секој живот е важен“.

