Македонија
Месиќ:Грција има политичко,Македонија национално прашање
Со тужбите на Македонија и Хрватска пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, споровите преминуваат од политичка во правна сфера, изјави денеска хрватскиот претседател Стјепан Месиќ во Охрид
Хватскиот претседател вели дека е неблагодарно да се дава оценка за тоа што презема една држава.„Можам единствено да констатирам дека на овој начин проблемот од политичка сфера се префрлува на правна. Престанува политичката расправа и продолжува како правна“, вели претседателот Стипе Месиќ.Во однос на спорот што нашата држава го има со Грција, Месиќ вели дека за Грција е политичко, но за Македонија е национално прашање и дека мора да има зедничка волја за решавање на спорот.„Вие сте соседни држави. Едната е во ЕУ, а другата сака да биде член и се бори за оставрување на стандардите, интересот мора да биде и на Грција, Македонија да го оствари правото за влез во ЕУ што побрзо. Името за Грција е политичко прашање и мора да има политичка волја да се реши, за Македонија тоа е национално прашање. Се работи за две работи чие решение може да се најде со преговори, но за тоа треба волја и од двете страни. Се надевам дека со асистенција на ЕУ и тоа ќе се случи“, изјави Месиќ.Според него, со спорот за името можно е да се намали брзината за влез во Унијата, но тоа нема да предизивка нова дестабилизација на регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

