Македонија
Отказот на Димитров – поголем раскол во државниот врв
Нема усогласување и единство во изградбата на национална стратегија по однос на спорот за името откако претседателот Бранко Црвенковски го разреши преговарачот Никола Димитров и ја остави државата без свој застапник во преговорите што се водат со Грција под покровителство на ОН
Три дена по отказот на Димитров, Црвенковски и владиниот врв се во постојана кавга за тоа кој повеќе направил или наштетил во преговорите.Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска ги негира вчерашните информации кои на бриинг ги изнесе Претседателот дека американските партнери сугерирале во наредните дваесетина дена Македонија да даде конкретни забелешки на предолгото на медијаторот Нимиц. Спротивно на него, Милошоски тврди дека последните идеи на посредникот Метју Нимиц треба да бидат заокружени со еден конечен предлог, па дури тогаш Македонија ќе треба да се произнесе по нив. „Буквално никој не споменува, но колку што е можно поскоро е дефиницијата која сите ја знаеме и се трудиме да ја запазиме, во која ние очекуваме да се случи еден конечен предлог. Но, за жал со ваквата постапка на господинот Црвенковски, мислам дека и доколку постоеле сега се доведени под знак прашалник”, изјавува Милошоски. Дека сепак постојат одредени рокови кои на Македонија и се дадени говорат и последните изјави на високиот американски дипломат Даниел Фрид кој деновиве од Вашингтон порача Скопје и Атина да се потрудат да најдат решение во неколкуте недели кои остануваат до министерскиот состанок на НАТО на кој членки ќе станат Албанија и Хрватска. Премиерот Груевски пак без да изложи зошто во соочувањето по повод 100 дена на оваа влада рече дека во наредните 40 дена Македонија ќе биде изложена на голем притисок. Високи владини извори, дента после разрешувањето на Димитров тврдеа дека роковите на Груевски се однесуваат на чекањето на конечниот предлог, кој на последната средба помеѓу македонскиот преговарачки тим од Димитров и Мартин Протуѓер со Нимиц во Њујорк дал јасни насоки и најави дека конечен предлог ќе има. Дипломатски извори, исто така откриваат дека можно е да се очекува уште еден сет на идеи на медијаторот кон средината на декември. Како Македонија ќе го дочека предлогот се уште не се знае со оглед на тоа дека сега нема официјален застапник и преговарач. Црвенковски, пак стои на ставот дека разликите се единствено во пристапот за решавање на проблемот. Така, двојната формула зад која стои владата како македонската позицијата според претседателот Црвенковски нема да донесе решение туку напротив тоа ќе значи како што брифираше дека Македонија сама го прекинува процесот на преговорите. Милошски неговиот повик Владата да ја ревидира позицијата го коментира како потег наменет пред се за домашна употреба: „Мислам дека премногу се изјавите на господинот Црвенковски наменети за внатрешната јавност и градењето илузија дека одредени позиции можат да ги закочат позициите на самиот разговор. За грчката позиција сите се свесни дека не е остварлива, но никој во Грција, најмалку нивниот претседател тврди дека тоа може да ги закочи или да ги стопира преговорите.”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.
Македонија
Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани
Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во моментов воздушниот простор е затворен и не е можна евакуација.
„Согласно последните информации, воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник. По неговото повторно отворање ќе бидат разгледани можностите и моделите за организирање евентуална евакуација, во согласност со околностите и безбедносната состојба“, велат од Министерството.
Оттаму додаваат дека во оваа фаза,препораката до македонските државјани е внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти, да постапуваат согласно безбедносните протоколи и да останат во засолништа кога тоа е наложено.
„Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба. Во случај на потреба од помош граѓаните можат да се обратат на следните контакти: Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив телефон +972 54 500 8566, телефон +972 54 967 0546 и е-пошта: [email protected], како и во Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на телефон +389 75 273 732 / +389 75 268 736 и е-пошта: [email protected]. Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој“, додаваат од МНР.

