Македонија
Касарните на граѓаните
Се отстапуваат касарните во Скопје, Битола, Гевгелија, Дебар, Охрид, Дојран, а прокетот ќе почне од Струмица
Проектот со кој Министерството за одбрана и Владата на Република Македонија ги отстапуваат касарните на владеење на единиците на локална самоуправа покажува исклучително висок степен на разбирање за потребите на граѓаните. Министерството за одбрана ги става старите касарни во функција на економскиот развој, образованието, здравството, социјалната политика, културата, локалната самоуправа. Се отстапуваат касарните во градовите Скопје, Битола, Гевгелија, Дебар, Охрид, Дојран и тоа што и лично јас, изјави на денешната прес-конференција пратеничката Силвана Бонева, посебно го поздравувам, Струмица. Тие касарни, преку измената на ГУП-от и ДУП-овите, треба да бидат пренаменети и да бидат во функција на нивната нова цивилна и општествена намена. Владата ги дава касарните во функција на граѓаните, а општините обезбедуваат техничка поддршка на процесот. Тоа е заедничка соработка која траба да даде резултати. Ако добро се спроведе проектот, добитници ќе бидат само граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Владата и Министерството за одбрана за подеднаков однос кон сите општини, во кои ќе бидат ставени во употреба касарните. Политичка доблест е тоа што оваа Влада работи за граѓаните, подеднакво за сите општини и не ги дели општините според тоа од која партија е градоначалникот. Ставањето во употреба на касарната во Струмица, како прва од овој проект, во функција на граѓаните, е најдобар пример за оваа доблест. Отстапувањето на 30 хектари, или една осмина од вкупната површина на Струмица, е одлична можност за развој и приспоритет на оваа општина. Ги повикуваме градоначалниците на сите овие општини, а посебно градоначалникот на општина Струмица, општина во која започна реализацијата на овој проект, преку широки расправи, пред да започнат формалните постапки, да обезбедат реална и ефикасна намена на објектите и просторот на поранешните касарни.Во овие широки расправи мораат да бидат вклучени Урбаните и Месните заедници, невладините организации, социјалните, здравствените и културните институции, сите чинители на општествениот живот во општините за да се обезбеди транспарентност во целиот простор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

