Македонија
Поништен тендерот за двокатните автобуси
Поништен е тендерот за двокатните автобуси на кој минатиот месец за најповолен понудувач беше избрана кинеската компанија „Џенџоу Јутон Групација“, соопшти Министерството за транспорт и врски
Јавната набавка за купување автобуси за јавниот превоз на Скопје е поништена од страна на Државната комисија за жалби по јавните набавки, соопштија денеска од Министерството за транспорт и врски. Во соопштението се нагласува дека единствената причина за поништување на тендерот е рокот кој кинеската компанија го понудила за испорака на првите сто од вкупно 302 автобуса.Според тендерската документација беше предвидено првите сто автобуси да бидат испорачани за период од една година по склучувањето на договорот, додека од „Џенџоу Јутон Групација“ понудиле првата пратка автобуси да биде испорачана најрано за 12, а најдоцна за 18 месеци.Министерството додава дека според тендерската документација се предвидува испорака на најмалку сто автобуси во првата година од денот на склучување на договорот со предвидени пенали кои се пресметуваат најмногу 30 дена по истекот на овој рок, а потоа се активира предвидената банкарската гаранција за извршување на договорот.Единствената понуда, која има валидна банкарска гаранција, како што стои во соопштението, ги исполнува и сите други барани услови во Тендерската документација како во делот на техничките спецификации, така и во делот на финансиската понуда, што беше потврдено и од Државната комисија за жалби по јавните набавки. Избраниот понудувач има потпишано изјава дека се согласува со условите од тендерот и тендерската документација и моделот на договорот, согласно што е донесено решението за избор.Во соопштението се наведува и дека со оглед на тоа што станува збор за повеќегодишна набавка која предвидува издвојување на средства од Буџетот во период од три години, Комисијата за спроведување на јавната набавка при Министерството за транспорт и врски ја прифаќа одлуката на Државната комисија за жалби по јавни набавки со цел отстранување на каква и да е можност во иднина да се остави простор за сомневање во однос на направениот избор.Министерството за транспорт и врски соопштува дека повторно ќе распише тендер за набавка на двокатни автобуси.Претходно партијата Обединети за Македонија бараше поништување на тендерот за набавка на 302 двокатни автобуси за да се заштедат 25 милиони евра, според нивните пресметки. Ако автобусите се произведуваат во Македонија, цената според ОЗМ по автобус ќе беше 120 илјади евра.Потоа следеше афирмативен прилог на државната МТВ за македонскиот производител на автобуси „Санос“, коешто беше толкувано како знак дека владината политика оди кон поништување на тендерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

