Контакт

Македонија

Кој може да се справи со урбанистичката мафија – Платина инжинеринг (Прв дел)

Објавено пред

dobivaj vesti na viber

Ке се најде ли тој јунак што ке и се спротистави на градежната урбанистичка мафија ? Како ?

Во градежништвото се вртат огромна сума на кеш пари која најлесно се пере преку вака поставениот систем на плаќање и намерно оставените и поставени дупки во законите кои и така не се почитуваат од страна на државните институции задолжени за контрола на платежните средства и слично. Ке се навратам на градежната афера Платина Инженеринг.

“Платина ижинеринг“ доо Рокан и други е фирма што се занимава со зафати во градежништвото. Започнува со изградби на стамбени објекти во мај 2003 год. на ул. Водњанска бр. 17 заедно со Луијза односно фирмата “Самарија“. По само неполни два три месеци “пука тиквата“ помеѓу фирмите и “Платина Инжинеринг“ започнува истата година самостојно да гради стамбен објект на ул. “Роза Луксембург“ бр. 18 и 20 Скопје. Склучува договори за градба со сопствениците на земјиште и веднаш започнува да продава станови. Прибирајки средства од склучени пред договори со потенцијалните станари успева зградата да ја доведе до подрум и еден спрат со пуштени столбови за вториот спрат. Бидејки брзо започнала да се гради зградата се пуштеле “муабети“ низ комшилук (општина центар -позади католичка црква) дека “Платина инжинеринг“ е “добра“ фирма. Потенцијалните купувачи на станови се распрашувале низ комшии за фирмата и нормално сите се искажувале позитивно бидејки не виделе дека за нешто доаѓа инспекција или не слушнале нешто лошо во врска со фирмата и сопственикот на истата Рокан Атанасоски. Вака “добро осигурани“ потенцијални купувачи склучувале пред договори за станови со фирмата Платина. Истовремено и во комшилукот се шират гласини дека е “време“ да се ослободат од старите куќи и фамилијарно да се обезбедат со кров над глава за синови, керки, внуци и т.н. Платина односно сопственикот Рокан Атанасоски успева во јануари 2004 год. да се договори со сопственици на земјиште во соседната улица “Васил Стефановски“ бр. 26 Скопје, лицата З.Ѓ., М.Ѓ.,А.Ѓ., во февруари со сопствениците на земјиште “Васил Стефановски“ бр 26А лицата С.Д.,А.Д.,М.Д. и Р.Д. Бидејки “есапот“ на “Платина“ не испаднал како што треба ги “врбува“ наведените сопственици да влијаат врз комшиите со кои според ДУП имаат споена соседена парцела за градење, и ако успеат во тоа “Платина“ ке “фрли“ уште по неколку м2 стамбен простор. Еден од “врбувачите“ З.Ѓ. кој веке на Платина и дал извесна сума на пари со секојдневно убедување успеал да ја убеди младата брачна двојка која живеела тука да ги разубедат своите родители ( жената е керка на сопствениците – родители) дека ако се согласат за изградба со фирмата Платина ке можат заедно наеднаш да изградат зграда и дека така ке било подобро за нив кога ке преговараат за квадрати. Бидејки економски не биле добро ситуирани, а и дека сопствениците се на старосна граница (72 год.) се согласиле со комшијата З.Ѓ. дека ке градат со Платина. Лицето З.Ѓ. успеал во најможен краток рок да им овозможи да потпишат договор за градба со “Платина Инжинеринг“. Во април 2004 веке и сопствениците на ул. “Васил Стефановски “ бр. 28, лицата М.П. И Т.П. потпишале со Платина инженеринг. Во Јуни 2004 год. се започнало со рушење на постоечките објекти. Со самото започнување на градбата “нормално“ Платина започнала и со продажба на станови во започнатиот објект на ул. Васил Стефановски“ бр. 26 и 28. До декември истата 2004 год. зградата била изградена до фаза карабина до 4-ти спрат (останало уште поткровјето). Младата брачна двојка познавајки ги работите во урбанизмот, заедно со сопственикот на “Платина“ Рокан Атанасоски отишле во Министерство за транспорт и службеничката задолжена за урбанизам М.П. им кажала на младиот брачен пар дека “Платина“ има уредни документи за градење. Во 2005 год. комшиите воодушевени од брзината со која гради Платина и редовноста што им се плаќа на соседите- сопственици што се под кирија соседот др. А.С. истотака се договорил со Платина да му градат на сопствен имот ул. “Роза Луксембург“ бр. 10 и соседите на ул. 29 ноември бр.15. Шемата иста, веднаш се продаваат станови. За малиот застој во градењето со првите два објекти објаснувањето на сопственикот Рокан Атанасоски било дека премногу интересенти има и дека и самите знаат дека во комшии ке гради уште два објекти. Без (наводно) никој да знае на 25.05.2005 г. Платина инжинеринг ДОО се трансформира во Платина Инженеринг ДООЕЛ со управител и сопственик Рената Посавац. Од летото 2005 год. па све до почетокот на 2006 год. градењето на објектите речиси запрело но изненадувачки било тоа што сопствениците редовно добивале пари за кирија каде што биле сместени. Летото 2006 год. по објектите почнале да се појавуваат сомнителни лица со “јаки’ автомобили, “јаки“ моторцикли, лица што по цела вечер седат во автомобилите и стражарат пред објектите, а од Рокан Атанасоски и Рената Посавац никаде ниту трага ниту глас (не одговараат на позиви по телефон, никој не ги видел и сл.). Во септември 2006 год. наеднаш се појавува Рената Посавац и ги посетува сите сопственици кај кои се градат објектите на Платина но во друштво на некое непознато лице С.С. Рената секаде го претставува како купец на станови ( на ул. Роза Луксембург бр. 18 и 20 имал 3 стана, на ул. Васил Стефановски бр. 26 и 28 имал 6 стана и слично ). На младата брачна двојка веднаш и паѓа сомнително и започнува да се интересира во општина центар за својот објект на ул. Васил Стефановски бр. 28. Во општина центар наидуваат на затворени врати и едноставно на непријателски однос бидејки никакви информации не им се достапни иако се сопственици. Во Октомври 2006 г. лицето С.С. се јавува тел. кај младиот брачен пар и договара средба со сопругот Т.Н. Средбата се случува во ресторан “Јана“ (карши центар за странски јазици) во 21:00 ч. Т.Н. се појавува во ресторанот и на маса ги сретнува лицето С.С. кое било со Рената Посавац и друго непознато лице А.Н. кое се претставува како правен застапник на американска државјанка М.С.З. од Њу Џерси. Лицата прават притисок врз Т.Н. да ги убеди своите баба, дедо и својата сопруга да му потпишат на лицето С.С. да биде инвеститор на објектот од Платина инженеринг и на тој начин ке се доизградела зградата. Т.Н. ја одбива понудата и соопштува дека договорот со Платина ке се раскине и дека ке се бара нов инвеститор. На 20.октомври 2006г. лицето С.С. повторно го контактира Т.Н. и му закажува средба со некое лице. Се договориле во 20:00 ч да се најдат позади Буњаковец. На средбата се појавува Рокан Атанасоски но маскиран ( нема бркови, ослабен, ептен кратка коса, облечен на поинаков начин и сл.). Се договараат да седнат во ресторан Македонија во карпош 4. Средбата трае до 24ч и паѓа договор дека Рената Посавац ке гарантира со Изјава пред нотар (заверена) дека ако во наредниот месец не започне со доизградба на објектот на ул. Васил Стефановски бр. 28 дека сопствениците ке си ја превземат градбата а за сите настанати штети одговорен ке биде единствено Платина инжинеринг. После месец дена градбата не започнува и со веке дадената Изјава на Рената Посавац се активира раскинувањето на првичниот договор на сопствениците и Платина инжинеринг. Во меѓувреме младиот брачен пар секој ден оди во општина Центар за да ја информира општината дека е раскинат Договорот со Платина и дека ке се бара нов инвеститор за доизградба на објектот. Во декември 2006 г. вработената во општина Центар С.М. на младиот брачен пар им се обраќа со шепотење: ВНИМАВАЈТЕ… НЕ ЗНАЕТЕ СО КОГО СИ ИМАТЕ РАБОТА!!! Истиот ден, вечерта на 16-ти декември 2006 г. младиот брачен пар, сопругата на Т.Н. односно сопругата С.Н. се јавува во Битола кај родителите на Рената Посавац и на телефон се одговара Маријана Атанасоска (сопругата на Рокан Атанасоски што ја ограби комерцијална банка за официјални 518.000 евра). По многу краток разговор (ми треба Рената…. ЈАС СУМ СЕСТРА И, НЕ Е ТУКА И НЕМОЈ ВЕКЕ ДА СЕ ЈАВУВАШ ТУКА), веке све било јасно (додека кратко се разговарало се слушало народна музика во позадина на разговорот со галама од многу луѓе). Младиот брачен пар заклучило дека се спремаат за бегање. Утредента Т.Н. после цела непреспиена вечер разгледувајки и поврзувајки ги работите оди кај Д.С.ГАЛАБ ДООЕЛ (проектант и соработник на Рокан Атанасоски). Во канцеларија го наоѓа Ѓ.Г. вујко на Д.Г. сопственик и управител на Д.С.“ГАЛАБ“ ДООЕЛ кој објаснува дека внукот Д.Г. само што заминал за Америка и дека проектот што е изработен за објектот на ул. Васил Стефановски 28 е изработен и заверен од “ГАЛАБ“. Лицето Т.Н. ја поврзува цела работа и и се јавува на својата сопруга С.Н. дека треба да се разгласи Платина Инжинеринг се избегани од Македонија. После јавувањето на својата сопруга се јавува кај лицето С.С. за да му соопшти за бегството на Рокан и едноставно да ја види реакцијата на С.С. Закажана е средба во “НАЏАК“ за пола саат. На средбата со С.С. се појавуваат нови фаци (за Т.Н. познати како криминалци со дебело досие). Реакцијата на С.С. укажува на тоа дека комплетно све знае што се случува и како атмосфера користел  повторно да му прави притисок на Т.Н. да ја убеди својата фамилија да му потпишат на С.С. да биде инвеститор на објектот. Во понеделник 18. Декември 2006 младиот брачен пар оди во општина Центар да соопшти дека инвеститорот Платина инжинеринг е во бегство. Повторно се обракаат кај С.М. (таа го води предметот за Платина) со веста за бегството на Платина. С.М. со извинување излегува од канцеларија и после 20тина минути се враќа со документација. Се обраќа до младиот брачен пар Т.Н и С.Н. со зборовите, цитирам: “ЕВЕ ВИ ДОКУМЕНТАЦИЈА ШТО ЈА ЗЕМАВ ОД ФИОКА ОД КАЈ ИНСПЕКТОРОТ МИЛАН ПИЖУЛА. КОПИРАЈТЕ ЈА ЦЕЛА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ВЕ МОЛАМ ВЕДНАШ ДА МИ ЈА ВРАТИТЕ, ТОЛКУ МОЖАМ ДА ВИ ПОМОГНАМ“. Речено – сторено, копирано и вратено. На излегување од канцеларијата, С.М. им се обратила на младиот брачен пар: “КОЛКУ ЗА ИНФОРМАЦИЈА, ГРАДЕЖНИОТ ИНСПЕКТОР ВО НАШАТА ОПШТИНА ЦЕНТАР МИЛАН ПИЖУЛА Е ШКОЛСКИ ДРУГАР СО ТОЈ ВАШИОТ РОКАН АТАНАСОСКИ“.

ОВА Е САМО ВОВЕД ВО АФЕРАТА ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ. ВО ВТОРИОТ ДЕЛ КЕ БИДЕ ОБЈАСНЕТО ВО ДЕЛОТ НА ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ КАКО (НЕ)РЕАГИРААТ ВО ВРСКА СО ОВОЈ СЛУЧАЈ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје

Паркингот во Центар денеска е бесплатен

Објавено пред

По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.

dobivaj vesti na viber

Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.

Прикажи повеќе...

Македонија

Изборниот ден е неработен за сите граѓани

Објавено пред

Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.

Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Објавено пред

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.

dobivaj vesti na viber

Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.

Во вториот круг од претседателските избори граѓаните ќе одлучуваат меѓу Гордана Силјановска Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.

На парламентарните избори, граѓаните ќе можат да избираат помеѓу 17-те изборни листи, меѓу кои коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, партијата Левица, коалицијата „Европски Фронт“ предводена од ДУИ, коалицијата „Вреди“, движењето ЗНАМ, партиите Родина, Македонска Ера Трета, Демократи, Единствена Македонија, Нова Алтернатива, Аваја, Твоја, Десна, Работничката партија, како и за групата избирачи Џула Челику.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ26 минути

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...

Свет44 минути

Популарноста на Америка опаѓа во светот, додека на Русија и Кина расте, покажува истражување

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население,  додека на Русија и...

Македонија2 часа

Започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во...

Свет2 часа

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател...

Свет2 часа

АстраЗенека ја повлекува вакцината неколку месеци откако ги призна несаканите ефекти

Британско-шведската фармацевтска компанија АстраЗенека објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откако пред судот во Лондон призна дека...

Свет2 часа

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на...

Свет2 часа

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски. „На денот на...

Топ16 часа

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија17 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија20 часа

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија21 час

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија22 часа

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет1 ден

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија1 ден

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...

Македонија1 ден

Акредитирани 1.078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите

За вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски...

Македонија1 ден

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда...

Македонија2 дена

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија2 дена

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ2 дена

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...