Македонија
Бигман: Луѓето од Сопот за мене се невини
Поранешниот амбасадор на НАТО во Македонија вели дека никогаш не е потврдена вината на жителите од Сопот
Николас Бигман, кој сега живее во Хрватска, во ексклузивно интервју за телевизија Алсат–М го потврди разговорот што го имал со поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски околу невиноста на приведените за случајот „Сопот“.„Како тогаш, па така и сега сум љубопитен да ги дознаам и да се откријат мотивите за поставувањето на мината, извршителите на овој чин и тие кои наредиле да се постави оваа експлозивна направа“, вели Бигман.За случајот „Сопот“ кога во близина на кумановското село двајца припадници на НАТО и еден преведувач ги загубија животите се осудени 11 Албанци од оваа село со 156 години затвор, од кои петмина се на наоѓаат во затвор додека другите шестмина се осудени во отсуство.„Беше тешко да се верува дека тие луѓе направиле такво нешто, нема никаков мотив. Доколку нагазната мина била наменета за НАТО за што ние не сме потполно сигурни, бидејќи таа лежела таму одредено време и некое друго возило би можело да ја нагази, но доколку била наменета за НАТО тамошните селани кои се 99 отсто се етнички Албанци беа големи поддржувачи на НАТО. Тие на НАТО гледаа како на една сила која дава стабилност, што всушност и сме. Не можам, не можам а да не помислам дека луѓето од тоа село можеби се малку едуцирани, но тие не се идиоти. Ако сакате да направите такво нешто, тоа нема да го направите на влезот во сопственото село затоа што така ќе си создадете проблем“, вели Бигман во интервјуто за Алсат–М.Бигман рече дека за осудените од Сопот судот користел бледи факти прифаќајќи го сведоштвото на нивниот соселанец Рамадан Бајрами кој сега призна дека неговите сведоштва се невистини и дека се резултат притисокот извршен врз него од страна на полицијата.„Ако врз основа на таквите сведоштва можете да ги осудите луѓето на вкупно 165 години затвор, за мене тоа е нелогично“, посочува Бигман.Ако кажам дека тие луѓе се невини – јас немам цврсти докази за тоа, но за мене човек е невин се додека не се утврди неговата вина, тоа е според меѓународното право, вели Бигман. Според него, кај овие луѓе вината се уште не е докажана. „Тоа е мојата позиција и затоа велам дека што се однесува до мене, тие се невини“, додава Бигман.Поранешниот амбасадор на НАТО вели дека доколку е потребно тој е подготвен да сведочи за невиноста на жителите од Сопот.Според најавите, во понеделник треба да се одржи седница на Анкетната комисија за заштита на човековите права и слободи, која ќе ги објави имињата на членовите на работната група која ќе се занимава со собирање на дополнителните факти за случајот „Сопот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи
ЈСП Скопје извести дека автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема воопшто да работи.
Со оглед на тоа што денот кога се одржуваат парламентарните и вториот круг од претседателските избори е прогласен за неработен за сите граѓани, и автобусите од градскиот јавез превоз ќе сообраќаат по скратен, односно неделен возен ред.
Воедно, жичницата од Средно Водно во врвот Крстовар нема да работи.
Дежурни билетарници од 7 до 14 часот ќе бидат само две, на Транспортен Центар и Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура од четврток ќе биде во опаѓање. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.