Македонија
Кој може да се справи со урбанистичката мафија – Платина инжинеринг (Прв дел)
Ке се најде ли тој јунак што ке и се спротистави на градежната урбанистичка мафија ? Како ?
Во градежништвото се вртат огромна сума на кеш пари која најлесно се пере преку вака поставениот систем на плаќање и намерно оставените и поставени дупки во законите кои и така не се почитуваат од страна на државните институции задолжени за контрола на платежните средства и слично. Ке се навратам на градежната афера Платина Инженеринг.
“Платина ижинеринг“ доо Рокан и други е фирма што се занимава со зафати во градежништвото. Започнува со изградби на стамбени објекти во мај 2003 год. на ул. Водњанска бр. 17 заедно со Луијза односно фирмата “Самарија“. По само неполни два три месеци “пука тиквата“ помеѓу фирмите и “Платина Инжинеринг“ започнува истата година самостојно да гради стамбен објект на ул. “Роза Луксембург“ бр. 18 и 20 Скопје. Склучува договори за градба со сопствениците на земјиште и веднаш започнува да продава станови. Прибирајки средства од склучени пред договори со потенцијалните станари успева зградата да ја доведе до подрум и еден спрат со пуштени столбови за вториот спрат. Бидејки брзо започнала да се гради зградата се пуштеле “муабети“ низ комшилук (општина центар -позади католичка црква) дека “Платина инжинеринг“ е “добра“ фирма. Потенцијалните купувачи на станови се распрашувале низ комшии за фирмата и нормално сите се искажувале позитивно бидејки не виделе дека за нешто доаѓа инспекција или не слушнале нешто лошо во врска со фирмата и сопственикот на истата Рокан Атанасоски. Вака “добро осигурани“ потенцијални купувачи склучувале пред договори за станови со фирмата Платина. Истовремено и во комшилукот се шират гласини дека е “време“ да се ослободат од старите куќи и фамилијарно да се обезбедат со кров над глава за синови, керки, внуци и т.н. Платина односно сопственикот Рокан Атанасоски успева во јануари 2004 год. да се договори со сопственици на земјиште во соседната улица “Васил Стефановски“ бр. 26 Скопје, лицата З.Ѓ., М.Ѓ.,А.Ѓ., во февруари со сопствениците на земјиште “Васил Стефановски“ бр 26А лицата С.Д.,А.Д.,М.Д. и Р.Д. Бидејки “есапот“ на “Платина“ не испаднал како што треба ги “врбува“ наведените сопственици да влијаат врз комшиите со кои според ДУП имаат споена соседена парцела за градење, и ако успеат во тоа “Платина“ ке “фрли“ уште по неколку м2 стамбен простор. Еден од “врбувачите“ З.Ѓ. кој веке на Платина и дал извесна сума на пари со секојдневно убедување успеал да ја убеди младата брачна двојка која живеела тука да ги разубедат своите родители ( жената е керка на сопствениците – родители) дека ако се согласат за изградба со фирмата Платина ке можат заедно наеднаш да изградат зграда и дека така ке било подобро за нив кога ке преговараат за квадрати. Бидејки економски не биле добро ситуирани, а и дека сопствениците се на старосна граница (72 год.) се согласиле со комшијата З.Ѓ. дека ке градат со Платина. Лицето З.Ѓ. успеал во најможен краток рок да им овозможи да потпишат договор за градба со “Платина Инжинеринг“. Во април 2004 веке и сопствениците на ул. “Васил Стефановски “ бр. 28, лицата М.П. И Т.П. потпишале со Платина инженеринг. Во Јуни 2004 год. се започнало со рушење на постоечките објекти. Со самото започнување на градбата “нормално“ Платина започнала и со продажба на станови во започнатиот објект на ул. Васил Стефановски“ бр. 26 и 28. До декември истата 2004 год. зградата била изградена до фаза карабина до 4-ти спрат (останало уште поткровјето). Младата брачна двојка познавајки ги работите во урбанизмот, заедно со сопственикот на “Платина“ Рокан Атанасоски отишле во Министерство за транспорт и службеничката задолжена за урбанизам М.П. им кажала на младиот брачен пар дека “Платина“ има уредни документи за градење. Во 2005 год. комшиите воодушевени од брзината со која гради Платина и редовноста што им се плаќа на соседите- сопственици што се под кирија соседот др. А.С. истотака се договорил со Платина да му градат на сопствен имот ул. “Роза Луксембург“ бр. 10 и соседите на ул. 29 ноември бр.15. Шемата иста, веднаш се продаваат станови. За малиот застој во градењето со првите два објекти објаснувањето на сопственикот Рокан Атанасоски било дека премногу интересенти има и дека и самите знаат дека во комшии ке гради уште два објекти. Без (наводно) никој да знае на 25.05.2005 г. Платина инжинеринг ДОО се трансформира во Платина Инженеринг ДООЕЛ со управител и сопственик Рената Посавац. Од летото 2005 год. па све до почетокот на 2006 год. градењето на објектите речиси запрело но изненадувачки било тоа што сопствениците редовно добивале пари за кирија каде што биле сместени. Летото 2006 год. по објектите почнале да се појавуваат сомнителни лица со “јаки’ автомобили, “јаки“ моторцикли, лица што по цела вечер седат во автомобилите и стражарат пред објектите, а од Рокан Атанасоски и Рената Посавац никаде ниту трага ниту глас (не одговараат на позиви по телефон, никој не ги видел и сл.). Во септември 2006 год. наеднаш се појавува Рената Посавац и ги посетува сите сопственици кај кои се градат објектите на Платина но во друштво на некое непознато лице С.С. Рената секаде го претставува како купец на станови ( на ул. Роза Луксембург бр. 18 и 20 имал 3 стана, на ул. Васил Стефановски бр. 26 и 28 имал 6 стана и слично ). На младата брачна двојка веднаш и паѓа сомнително и започнува да се интересира во општина центар за својот објект на ул. Васил Стефановски бр. 28. Во општина центар наидуваат на затворени врати и едноставно на непријателски однос бидејки никакви информации не им се достапни иако се сопственици. Во Октомври 2006 г. лицето С.С. се јавува тел. кај младиот брачен пар и договара средба со сопругот Т.Н. Средбата се случува во ресторан “Јана“ (карши центар за странски јазици) во 21:00 ч. Т.Н. се појавува во ресторанот и на маса ги сретнува лицето С.С. кое било со Рената Посавац и друго непознато лице А.Н. кое се претставува како правен застапник на американска државјанка М.С.З. од Њу Џерси. Лицата прават притисок врз Т.Н. да ги убеди своите баба, дедо и својата сопруга да му потпишат на лицето С.С. да биде инвеститор на објектот од Платина инженеринг и на тој начин ке се доизградела зградата. Т.Н. ја одбива понудата и соопштува дека договорот со Платина ке се раскине и дека ке се бара нов инвеститор. На 20.октомври 2006г. лицето С.С. повторно го контактира Т.Н. и му закажува средба со некое лице. Се договориле во 20:00 ч да се најдат позади Буњаковец. На средбата се појавува Рокан Атанасоски но маскиран ( нема бркови, ослабен, ептен кратка коса, облечен на поинаков начин и сл.). Се договараат да седнат во ресторан Македонија во карпош 4. Средбата трае до 24ч и паѓа договор дека Рената Посавац ке гарантира со Изјава пред нотар (заверена) дека ако во наредниот месец не започне со доизградба на објектот на ул. Васил Стефановски бр. 28 дека сопствениците ке си ја превземат градбата а за сите настанати штети одговорен ке биде единствено Платина инжинеринг. После месец дена градбата не започнува и со веке дадената Изјава на Рената Посавац се активира раскинувањето на првичниот договор на сопствениците и Платина инжинеринг. Во меѓувреме младиот брачен пар секој ден оди во општина Центар за да ја информира општината дека е раскинат Договорот со Платина и дека ке се бара нов инвеститор за доизградба на објектот. Во декември 2006 г. вработената во општина Центар С.М. на младиот брачен пар им се обраќа со шепотење: ВНИМАВАЈТЕ… НЕ ЗНАЕТЕ СО КОГО СИ ИМАТЕ РАБОТА!!! Истиот ден, вечерта на 16-ти декември 2006 г. младиот брачен пар, сопругата на Т.Н. односно сопругата С.Н. се јавува во Битола кај родителите на Рената Посавац и на телефон се одговара Маријана Атанасоска (сопругата на Рокан Атанасоски што ја ограби комерцијална банка за официјални 518.000 евра). По многу краток разговор (ми треба Рената…. ЈАС СУМ СЕСТРА И, НЕ Е ТУКА И НЕМОЈ ВЕКЕ ДА СЕ ЈАВУВАШ ТУКА), веке све било јасно (додека кратко се разговарало се слушало народна музика во позадина на разговорот со галама од многу луѓе). Младиот брачен пар заклучило дека се спремаат за бегање. Утредента Т.Н. после цела непреспиена вечер разгледувајки и поврзувајки ги работите оди кај Д.С.ГАЛАБ ДООЕЛ (проектант и соработник на Рокан Атанасоски). Во канцеларија го наоѓа Ѓ.Г. вујко на Д.Г. сопственик и управител на Д.С.“ГАЛАБ“ ДООЕЛ кој објаснува дека внукот Д.Г. само што заминал за Америка и дека проектот што е изработен за објектот на ул. Васил Стефановски 28 е изработен и заверен од “ГАЛАБ“. Лицето Т.Н. ја поврзува цела работа и и се јавува на својата сопруга С.Н. дека треба да се разгласи Платина Инжинеринг се избегани од Македонија. После јавувањето на својата сопруга се јавува кај лицето С.С. за да му соопшти за бегството на Рокан и едноставно да ја види реакцијата на С.С. Закажана е средба во “НАЏАК“ за пола саат. На средбата со С.С. се појавуваат нови фаци (за Т.Н. познати како криминалци со дебело досие). Реакцијата на С.С. укажува на тоа дека комплетно све знае што се случува и како атмосфера користел повторно да му прави притисок на Т.Н. да ја убеди својата фамилија да му потпишат на С.С. да биде инвеститор на објектот. Во понеделник 18. Декември 2006 младиот брачен пар оди во општина Центар да соопшти дека инвеститорот Платина инжинеринг е во бегство. Повторно се обракаат кај С.М. (таа го води предметот за Платина) со веста за бегството на Платина. С.М. со извинување излегува од канцеларија и после 20тина минути се враќа со документација. Се обраќа до младиот брачен пар Т.Н и С.Н. со зборовите, цитирам: “ЕВЕ ВИ ДОКУМЕНТАЦИЈА ШТО ЈА ЗЕМАВ ОД ФИОКА ОД КАЈ ИНСПЕКТОРОТ МИЛАН ПИЖУЛА. КОПИРАЈТЕ ЈА ЦЕЛА ДОКУМЕНТАЦИЈА И ВЕ МОЛАМ ВЕДНАШ ДА МИ ЈА ВРАТИТЕ, ТОЛКУ МОЖАМ ДА ВИ ПОМОГНАМ“. Речено – сторено, копирано и вратено. На излегување од канцеларијата, С.М. им се обратила на младиот брачен пар: “КОЛКУ ЗА ИНФОРМАЦИЈА, ГРАДЕЖНИОТ ИНСПЕКТОР ВО НАШАТА ОПШТИНА ЦЕНТАР МИЛАН ПИЖУЛА Е ШКОЛСКИ ДРУГАР СО ТОЈ ВАШИОТ РОКАН АТАНАСОСКИ“.
ОВА Е САМО ВОВЕД ВО АФЕРАТА ПЛАТИНА ИНЖИНЕРИНГ. ВО ВТОРИОТ ДЕЛ КЕ БИДЕ ОБЈАСНЕТО ВО ДЕЛОТ НА ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ КАКО (НЕ)РЕАГИРААТ ВО ВРСКА СО ОВОЈ СЛУЧАЈ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

