Македонија
Бонева: Законот за МВР е концепт за европски стандарди во безбедноста
По донесувањето на Законот за МВР, опозицијата и натаму тврди дека тој овозможува управување со тајната полиција и партиски вработувања. Владејачката партија пак објасни дека тој донесен во соработка со меѓународни експерти и по нивно барање, токму за избенување чија и да е контрола врз нив
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека немало никаков договор со ДУИ за да се натераат нивните пратеници да го гласаат вчера донесениот Закон, а опозицијата и натаму обвинува дека според неа во Македонија не функционираат законите, туку само коалиционите договори. „Вчера стана јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не важи ниту Устав ниту закон ниту владеењето на правото, ниту па за нив е важно исполнувањето на европската агенда и носењето на што поквалитетни Закони во Република Македонија, за нив единствено важат политичките пазари со коалиционите партнери. Вчера, донесувањето на Законт за внатрешни работи значи за ВМРО-ДПМНЕ добивање тајна полиција, којашто ќе се користи во партиски цели и ќе нема никаква контрола, а за ДУИ нови партиски вработувања“, изјави денеска во Собранието, потрпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ. Според него, како што ќе паѓа рејтингот на македонскиот премиер, така цената на ваквите пазари ќе станува повисока и ќе оди на директна штета на граѓаните и на државата. Законот за внатрешни работи, кој пред еден месец беше повлечен од собраниска процедура, претрпе измени во делот за напредување во кариерата, но не и во делот за Управата за безбедност и контраразузнавање, што го бара опозицијата. Од власта тврдат, дека во изминатиов период имале многу средби со колегите пратеници од опозициските партии и дека вчера изгласаниот Закон е донесен консензуално, а дека за измени во делот на УБК потребно е повеќе време.„Сосема е јасно зошто беше повлечен Законот за внатрешни работи, всушност бил повлечен за да се договорат партиските вработувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. За жал во Република Македонија е фактот дека не функционираат законите во нашата држава туку функционираат договорите и тоа тајните договори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, изјави Андреј Жерновски од ЛДП.Според него, ваквата постапка е уште еден автогол и тоа пред крајот на натпреварот, алудирајќи на кусото време преостаното за добивање на Извештајот од Европската Комисија, што треба да стигне во средината на октомври.„Овој закон беше посочен како закон којшто треба да не’ доближи до Европската Унија, којшто треба да ни овозможи позитивен Извештај и се разбира да ни овозможи добивање датум за преговори. Напротив ќе потсетам на шестата одредница од осумте односно деветте коишто ги имаше Република Македонија, каде што вели: Да се обезбеди вработувањето и напредокот на кариерата на државните службеници, да не бидат предмет на политичка вмешаност. Сосема спротивно на шестата одредница којашто беше услов, денеска слушнавме дека имаме вработување типично по партиска припадност“, рече Жерновски.Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ вели дека веќе подолго време се обидуваат во Собранието да постигнат консензус со опозицијата околу Законот за внатрешни работи, укажувајќи дека делот кој го бара Европската Комисија е усогласување на критериумите за напредок во кариерата.„Во овој момент се бараше од нас од ЕК усогласување во делот за напредок во кариера и тоа се обидувавме во многуте средби коишто ги имавме со опозицијата да им укажеме, се со една единствена цел да можеме Законот да го донесеме заеднички со консензус, бидејќи немаше расположение од нивна страна, се бараше да се направат реформи во Управата за безбедност и контраразузнавање, а тоа не е можно да се направи брзо и временскиот период кој е потребен за извештајот на Европската Комисија, отидовме само на промени во тој дел со обврска во иднина да продолжи системот на реформа во внатрешните работи, во другите работи од Законот“, изјави денеска Силвана Бонева.Според неа, Законот за МВР и реформите кои се бараат во УБК се многу опсежни и за нив е потребно подолг временски период, а за нив не треба да одлучува само Министерството за внатрешни работи, туку се работи за концепт на реформа на безбедносниот систем во која се вклучени и другите две Агенции. Бонева вели дека вчера побарала да се тргне Законот од дневен ред на вчерашната седница за да дојде Министерката за внатрешни работи и заедно во еден неформален амбиент на заедничката координација со опозицијата сите да се информираат.„Од страна на Министерката беше објаснето дека во промените на законот токму во тој дел учествувал и претставник од страна на Европската комисија и дека тоа е тоа што го бара во мементов Брисел од нас, но тоа не значи дека реформите и натаму нема да продолжат во делот којшто ги интересира опозицијата а тоа е интерес и на другите пратеници во Собранието“, додаде Бонева.„Јас не можам да ви дадам одговор што се случува во Министерството за внатрешни работи, колкав е процентот на раководни лица, коишто ги имаат претставниците на ДУИ, но знам едно – дека сите ние треба да ги почитуваме европските критериуми, и критериумите за напредок во кариерата кои се базираат на компетентност и на стручност. Кај нас овој процес се усложни заради принципот на правична и етничка застапеност“, рече Бонева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
До 15 февруари трае трката за „Млад инженер на годината“: повик до младите таленти до 35 години да се пријават
Инженерската институција на Македонија информира дека повикот за пријавување на инженери за избор за наградата Млад инженер на годината трае до 15.02.2026 година (недела). На овој повик може да се пријават сите млади инженери до 35 години (вклучувајќи и 35 години) на следниот ЛИНК.
Како што потврдуваат од ИМИ, освен возраста, новиот Млад инженер ќе се избира согласно постигнатите инженерски резултати во 2025 година, лидерството и инспирацијата за младите; креативноста и иновативноста; споделувањето знаење, ангажирањето во заедницата и општествено и етичкото влијание на околината.
Свеченото прогласување на новиот млад инженер ќе се одржи на 31.03.2026 година во Холидеј ин. Повод за доделување на признанието е 21 март – Денот на македонските инженери. Целта на оваа иницијатива е да се промовираат младите инженери на национално и меѓународно ниво што ќе придонесе младите луѓе да се насочуваат кон инженерска професија.
Новиот Млад инженер ќе учествува на Европската конференција на млади инженери. Согласно правилата, од сите пријавени кандидати, во потесна селекција ќе бидат избрани 5 лица за кои гласа Комисија на ИМИ и од нив се избира победникот.
Минатата година со ова Признание се закити Филип Попоски од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Партнер на настанот е Друштвото за комуникациски менаџмент Чептер 4.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.

