Македонија
МНР: Реакциите на Софија за случајот „ Митрова “ се неосновани и неточни
Македонското министерство за надворешни работи ги отфрли јавно изнесените реакции на официјална Софија за случајот „Митрова“.
Оценките за реакциите од бугарска страна за случајот „ Митрова „ како неосновани и неточни се нагласени и на средбата одржана во вторникот со вршителот на работите во Бугарската амбасада во Скопје. На претставникот на Република Бугарија му било посочено дека согласно Европската конвенција за државјанство, Спаска Митрова, иако поседува пасош на друга земја, за стореното кривично дело во Република Македонија се смета исклучиво за државјанин на Македонија. На средбата МНР го презентираше судското досие кое е во целосна согласност со законските прописи на државата и почитувањето на меѓународно-правните стандарди за правата и слободите на граѓаните а до бугарската страна упатен апел да не се злоупотребуваат вакви и слични случаи во политички цели и ја реафирмираше посветеноста во градењето и негувањето на добрососедските односи. Бугарското министерство за надворешни работи, по состанокот соопшти, дека не сака случајот да влијае врз односите меѓу двете земји. Бугарија и натаму ја поддржува визната либерализација на Македонија со ЕУ и натамошната интеграција на земјата во ЕУ и НАТО. Сепак бугарското министерство очекува да биде отворен комуникациски канал преку кој ќе може да контактира со Митрова, откако на бугарскиот конзул му било дозволено само да ја посети два пати во август. Поради ова Бугарија изразува загриженост во врска со почитувањето на човековите права во овој случај. Бугарското министерство исто така нагласува дека македонските граѓани кои се поврзани со своите бугарски корени, не треба да се сметаат за опоненти на Македонија, туку како врска со Бугарија и со ЕУ.Митрова издржува казна затвор од три месеци бидејќи не му дозволувала на поранешниот сопруг да ја посетува нивната двегодишна ќерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

