Македонија
ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ создаваат политички простор со лажни поделби
На денешната прес конференција предизвикана како што велат од ВМРО-ДПМНЕ од невтемелената ароганција, неискреност и популизам на опозициската СДСМ и на Бранко Црвенковски, беше речено дека тоа е само обид за создавање на политички простор со создавање лажни поделби во општеството
„ВМРО-ДПМНЕ го смета за свој политички успех пристапот според кој партиите ја освојуваат довербата на изборите врз основа на понудена програма, за која се обврзуваат да ја реализираат, со што носат одговорност пред граѓаните, но ив врз изградениот кредибилитет на личностите што стојат зад таквата програма.“, рече на прес-конференцијата Директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.Димовски истакна дека владејачката партија ја покажала својата одговорност пред граѓаните и дека работи на ветената платформа, со личности кои со своето професионално минато гарантираат доследна реализација.„Од вкупно предвидените 751 проект од партиската политичка изборна програма „Преродба во 100 чекори – надградена и проширена“, реализирани се 352 проекти, во тек е реализацијата на 101, а 257 проекти ќе се реализираат во идните години. Наспроти тоа, пак, го имаме Бранко Црвенковски, кој како и во 2002 година повторува истите фрази надполонети со илјадници лажни и нереални ветувања.“, потенцираше Димовски.Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ само во оваа година на својот мандат, издвојува 70 милиони евра субвенции како директна поддршка на македонското земјоделие, а Владите на социјалдемократскиот сојуз издвојуваа само 4 милиона евра годишно.Владата на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати, ги зголеми примањата на пензионерите, а СДСМ им одзема 8 % од нивните пензии.ВМРО-ДПМНЕ, онолку колку што можеше, им помогна на стечајците, Владите на СДСМ го создадоа проблемот на стечајцитеи невработените.ВМРО-ДПМНЕ обезбеди двојно зголемен буџет во образованието, за разлика од СДСМ која не инвестираше ниту денар во македонското образование..Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми за 10%, односно 20% платите на јавната администрација, СДСМ воопшто не ја покачи.Владата на ВМРО-ДПМНЕ вети и оствари добивање на препорака за визна либерализација од Европската комисија, СДСМ не направи ништо за исполнување на зададените услови за либерализација на визниот режим.По вчерашниот отчет на ВМРО-ДПМНЕ и за нивните два нови проекти кои се во план, тие денеска уште еднаш информираа дека Партијата во периодот што следува ќе промовира проекти, кои треба да го подобрат животот на нашите граѓани, а кои не беа предвидени со последната избопрна програма.„службите за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период остварија серија контакти со нашите сестрински партии, со кои активно работиме на нови мерки и проекти во функција на динамизирање и натамошно современување на работата на Партијата, како и пшромовирање на нови проекти во повеќе области, а особерно во образованието, економијата и социјалата за што ќе бидете известувани во периодот што следува, проекти кои не се ветени, но кои според својата природа и нужност ние ќе ги реализираме.“, рече Димовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

