Македонија
Општините ги бараат парите од данокот за пазарџиите
Општините да добиваат и до 100 отсто од средствата кои ќе ги собира државата по основ на паушалниот данок што ќе биде законска обврска за пазарџиите, побара денеска ЗЕЛС од Владата
Министерот за економија Фатмир Бесими на средбата со раководството на Заедницата на единици на локална самоуправа ЗЕЛС најави дека Владата позитивно ќе одговори на ова барање, но оти висината на средствата, како и паушалниот данок за пазарџиите ќе биде утврден наскоро со законски и подзаконски акти. „Во овој случај ќе добијат сите – и државата и општините и пазарџиите, бидејќи досега ниту централната, ниту локалните власти не собираа пари, а и самите пазарџии секојдневно се соочува со инспекции“, изјави министерот Бесими. Потпретседателот на ЗЕЛС Изет Меџити изјави дека со законот за вршење дејности од мал обем, што наскоро се очекува да биде во собраниска процедура, “дефинитивно после многу децении ќе се легализираат пазарите во Македонија“. Согласно со овој предлог закон, пазарџиите ќе плаќаат надомест за доделената локација и паушален данок за вршење дејност од мал обем. Лиценците за работа ќе ги издаваат општините и ќе се обновуваат секоја година. Овој предлог-закон произлезе како компромисно решение откако пазарџиите со протести се изборија пазарите да не бидат фискализирани. Пазарџиите опфаќаат околу 25 илјади семејства во Македонија и со ова законско решение се очекува да се регулира нивниот социо-економски статус на вршители на дејност од мал обем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

