Контакт

Македонија

Средба на Милошоски со Жан-Луј Лоран од Советот на Европа

Објавено пред

На 9-ти ноември пред 14 години Македонија стана членка на Советот на Европа, а претседателството со Комитетот на министри е потврда за хармонизирањето на нашите национални политики со оние на членките од најстарата паневропска органзацијата, рече Милошоски

dobivaj vesti na viber

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски се сретна генералниот директор за демократија и политички прашања на Советот на Европа, Жан-Луј Лоран, придружуван од политичкиот советник за Македонија во истиот директорат, Мери Ен Хенеси. На средбата биле разменети мислења за подготовките на претседавањето на Република Македонија со Комитетот на министри што ќе се одвива во периодот од мај до ноември 2010 г., информираат од Минситерството за надворешни работи.  Соговорниците ја истакнале подготвеноста на Македонија преку претседавањето да го даде својот максимален придонес за натамошна афирмација на Советот на Европа, неговите темелни принципи и стандарди, како и воопшто за подобрување на политичкото влијание и значењето на оваа организација како форум за дискусија и донесување на одлуки за прашања од областа на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Како што информира кабинетот на Милошоски, македонскиот шеф на дипломатијата подвлекол дека како дополнителен мотив и импулс за успешно спроведување на оваа задача, служи и неодамнешното добивање на препораката во Извештајот на Европската Комисија за почеток на преговори за членство на дражвата во ЕУ, што според него претставува јасен показател за реформите и напредокот што Република Македонија го остварила во повеќе области, вклучувајќи ги и областите во кои Советот на Европа има директна надлежност.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Македонија и Египет ќе соработуваат во високото образование и науката

Објавено пред

Македонија ќе добие поддршка во напорите за унапредување на високото образование од страна на Египет, земја чии универзитет забрзано се искачуваат на глобалните ранг листи, а ќе се продлабочува и билатералната соработка во областа на науката и истражувањата. Ова беше потврдено на состанокот помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур, што се одржа денес во Каиро.

dobivaj vesti na viber

Работно тело составено од претставници што ќе ги номинираат ресорните министерства на двете држави ќе дефинира конкретни активности што ќе ја продлабочат соработката, а ќе се разгледаат и можностите за креирање на заеднички студиски програми со двојни дипломи. Во фокус ќе бидат високообразовните установи во областа на медицината и техничките науки, со особен акцент на компјутерското инженерство и земјоделството.

Министерката Јаневска ги претстави промените кои се започнати во областа на високото образование во Македонија, нагласувајќи дека во моментот се изработува и ново законско решение, а ефектите од планот за реформи се очекуваат на среден рок од 5 години. Се осврна и на значително зголемениот буџет за наука и финансирањето на зголемен број научно – истражувачки проекти од интерес за државата и јавноста, усвојувањето и спроведувањето на Стратегијата за паметна специјализација на државата, а нагласи и дека министерството иницираше постапка за основање на првиот државен научно – технолошки парк кој ќе биде под надлежност на државата.

Министерот Ашур ги претстави силните страни на египетскиот високообразовен систем и политиките кои помагаат за забрзано напредување на државните универзитети на меѓународните рангирања. Изрази подготвеност во текот на овој месец да се формира работното тело меѓу двете држави, а веќе во следниот да се одржи непосредна средба на ректорите на шесте македонски државни универзитети и ректорите на најистакнатите египетски, како Универзитетот во Каиро. Го сподели националното искуство со основањето на научно – технолошки паркови и центри за извонредност, што ќе биде од голема корист за Македонија да ја оствари истата цел.

Јаневска од вчера е во Каиро каде се одржува Глобалниот конгрес за население, здравство и развој на човечки капитал. Ќе учествува на повеќе панел дискусии, а ќе биде воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење. Во текот на утрешниот ден ќе се сретне и со египетскиот министер за основно и средно образование, Мохамед Абдел Латиф.

Прикажи повеќе...

Македонија

Да ја негуваме историјата, да ја практикуваме традицијата и да го пренесуваме културното наследство, порача Лукровски на денот на ослободувањето на Скопје

Објавено пред

Делегација од Општина Карпош предводена од градоначалникот Сотир Лукровски и советниците Христо Саракинов (ВМРО – ДПМНЕ) и Татјана Стојановска (Независни за Карпош) , денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на борците од Првиот Скопски партизански одред.

dobivaj vesti na viber

На тој начин, претставниците од локалната самоуправа одадоа почит по повод одбележување на 81 годишнината од ослободувањето на главниот град. Во рамки на свеченоста која ја организираше Сојузот на борци на Македонија, пред споменикот на борците од Првиот Скопски партизански одред се поклонија и бројни делегации и претставници од граѓански здруженија.

Пред присутните се обрати и првиот човек на Општината, Сотир Лукровски, кој во оваа пригода ја истакна важноста од чествување на празниците, кои се темел на македонската национална свест.

„Со жалење ќе констатирам дека бројот на живите сведоци од НОБ е навистина мал. Затоа апелирам, ние помладите да ја негуваме историјата, да ја практикуваме традицијата и да го пренесуваме културното наследство, бидејќи сите тие елементи се дел од нашата колективна историја“ – констатираше Лукровски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре со студено утро, преку денот сончево

Објавено пред

Времето утре, наутро ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Утре и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, суво и тивко.

Во утринските часови ќе има појава на магла во одредени котлини. Во понеделник облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Ако правосудството работи по закон, и мојата плата ќе им ја донирам, рече Мицкоски кој засега не поддржува зголемување на примањата на судиите и обвинителите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека моралот не му дозволува да се согласи со зголемување на платите во правосудниот сектор,...

Регион8 часа

Истрага за странските викенд-снајперисти во Сараево: „Носеа пушки што личеа како за лов, ги таргетираа децата“

Обвинителството во Милано повторно ја активира истрагата за т.н. викенд-снајперисти – странци кои за време на опсадата на Сараево биле...

Македонија9 часа

(Видео) Кузеска: Кумот на Мицкоски се споменува како можен главен задолжен за сите криминални шеми во Министерството за земјоделство

Денес ќе објавиме серија на информации кои отвораат сериозни сомнежи дека мега скандалот со корупцијата во ИПАРД фондовите води директно...

Македонија9 часа

Кривична за ексградоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и за уште седум лица поради злоупотреби со градежно земјиште

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до скопското Обвинителство против осум лица — поранешни функционери и службеници во Општина...

Свет9 часа

Фон дер Лајен: Путин греши ако мисли дека може да нè исцрпи, ЕУ одвојува 6 милијарди евра за Украина

ЕУ ќе ѝ додели 6 милијарди евра на Украина во рамките на заем од механизмот на Г7 за забрзување на...

Македонија10 часа

Докторот од Македонија, кој прегази куче во Софија, обвинет за сурово однесување кон животно

Окружното обвинителство на Софија го обвини докторот Ненад Цоневски за намерно сурово однесување кон животно, обвинение што спаѓа под кривична...

Македонија12 часа

„130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања“, Николовски бара оставка од Трипуновски

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој иако призна...

Свет13 часа

Излегоа пораките меѓу Ендру и Епштајн: „Не можам повеќе да го поднесам ова“

Поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор им рекол на Џефри Епштајн и Гислејн Максвел: „Не можам повеќе да го поднесам ова“ кога...

Свет13 часа

Мајка и ќерка во Австралија се преправале дека се видовити: измамиле луѓе за 46 милиони долари

Мајка и ќерка се уапсени во Австралија под сомнение дека се дел од една од најсофистицираните шеми за измама во...

Европа14 часа

Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс

Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор...

Свет14 часа

„Боинг“ мора да им исплати 28 милиони долари на семејството на жртва од авионската несреќа

Поротата на федералниот суд во Чикаго во средата наложи Боинг да исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на...

Свет14 часа

(Видео) Трамп потпиша договор: се стави крај на најдолгата блокада на владата на САД во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се става крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД,...

Свет1 ден

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија1 ден

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија1 ден

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија1 ден

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија1 ден

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура1 ден

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија1 ден

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...