Македонија
Државниот врв на координација за името

На средбата во претседателската вила „Водно“, македонскиот преговарач амбсадорот Зоран Јолевски, го информира државниот врв за разговорите со медијаторот Метју Нимиц во Њујорк и за позициите на Грција што ги соопшти грчкиот преговарач Адамантиос Василакис
На средбата присуствуваат претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и вицерпремиерот за имплементација на Рамковниот договор Абдулаќим Адеми.Според грчките медиуми, преговарачот Адамантиос Василикаис на медијаторот Метју Нимици во средата му ги изнел максималистичките позиции на Атина, освен сложено име што според неа би требало да биде „Република Северна Македонија“ или „Република Нова Макеоднија“, тоа да се употребува се користи и во меѓународните биалтерални односи, но и за внатрешна употреба, како и во комуникацијата со 127 земји кои веќе ја признаа Македонија под уставното име. Атиан, исто така, барала и додавката „северна“ или „нова“ да се употребува и при именувањето на нацијата и јазикот а македонските топоними за села и градови во Егејска Македонија, како и менување на сегашниот меѓународен код и интернет домеин МК. Петставниците на новата грчка валда досега не ја коментираа последните одделни средби на преговарачите со Нимиц. Меѓутоа, се нагалсува дека Грција останува на позицијата за сложено име со географска одредница за севкупна употреба како најсоодветно решение за спорот и дека без негово затворање Атина не може да се согласи да почнат пристапните преговори на Македонија со Евроспката Унија.Ниту македонската страна не излезе досега со коментари. Премиерот Никола Груевски во неделата изјави дека во интерес на процесот се воздржува од коментар на максималистичките позиции на Грција. Тој го повтори ставот што амбасадорот Јолевски му го соопшти во петокот на медијаторот – дека Македонија ќе остане посветена на барањето решение со желба да се затвори прашањето. Позицијата на Македонија што ја соопшти Јолевски по средбата во Њујорк е дека се залага за заемно прифатливо решение за прашањето за името што ќе го зачува идентитетот, достоинството и интегритетот на македонските граѓани и ќе се базира на принципите на меѓународното право и евроатлантските вредности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити изврши увид на градежните активности за изградба на примарната водоводна мрежа во Мерово, Желино

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, придружуван од градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу и пратеници од регионот, денеска изврши увид на градежните активности за реализација на проектот за изградба на примарната водоводна мрежа во селото Мерово, општина Желино.
Проектот предвидува изградба на дистрибутивната мрежа за водоснабдување во рамките на селото, изградба на поврзувачки цевковод од резервоарот до главната мрежа, отворање на нов бунар покрај постојниот, како и рехабилитација и проширување на веќе изграден резервоар.
Досега е извршено отворање на еден бунар и изградба на еден резервоар, кои во рамките на овој проект ќе бидат финализирани и модернизирани.
Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 15.847.359 денари, обезбедени од буџетот на надлежното министерство, а градежните активности се очекува да завршат до крајот на 2025 година.
„Одржливото снабдување со вода е еден од најважните приоритети на нашата Влада, бидејќи е директно поврзано со квалитетот на животот на граѓаните и развојот на нашите населени места. Со овој проект ставаме крај на децениските проблеми со недостиг на водовод во Мерово и им обезбедуваме на жителите подобри услови за живот“, истакна првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити.
Оваа инвестиција претставува дел од стратешките проекти кои имаат за цел унапредување на основната инфраструктура и задоволување на елементарните потреби на граѓаните во сите населени места на општина Желино и пошироко.
Македонија
На Табановце се чека околу 10 до 15 минути за излез од државата

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 10-15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Општина Карпош: Го демантираме другарот на Мицкоски, Сотир Лукровски, дека има нерешени 11 000 предмети за легализација, а тој ќе ги решел за две и пол години

„Општина Карпош во целост го демантира другарот на Христијан Мицкоски, Сотир Лукровски, дека во општина Карпош има нерешени 11 000 предмети за легализација и замислете, тој ќе ги решел за две и пол години. Фактите говорат дека општина Карпош од 2011 до 2018 година има примено вкупно 12688 барања и од нив досега се решени 9385, а останати се уште 3303 барања“, велат од општина Карпош.
„Најголем дел од нив се со нерешени имотно-правни и оставински постапки и се чека на завршување на судска постапка, на друг дел е побарана дополнителна документација, и мал дел се во постапка за решавање.
За кандидатура на градоначалник основен услов за кандидатот е да биде добро информиран и да не кажува лаги. Ако кандидатот во кампања кажува лаги, какво ли ќе биде неговото функционирање како Градоначалник!?
Општина Карпош го замолува г-дин Христијан Мицкоски да го едуцира својот кандидат и го замолуваме да не ги вознемирува директорките на градинките и училиштата“, соопшти општина Карпош.