Македонија
Медијацијата во Македонија се уште незаживеана
Медијацијата во Македонија не е многу раширена и за нејзината промоција треба уште многу да се направи
Ова е генерална оценка на промоцијата на Прирачникот за медијација, што во понеделник се одржа во Врховниот суд.
Според холандскиот министер за правда Хирш Балин, луѓето во Македонија не се доволно информирани за медијацијата, иако овој начин на решавање на споровите, ќе им овозможи побрзо и поефтино надминување на проблемот.
Тој ги пренесе холандските искуства во оваа област, нагласувајќи дека токму од разликите треба да се учи.
Министерот Михајло Маневски ја истакна полезноста на медијацијата, при тоа додавајќи дека во Македонија треба да се спроведе една поголема кампања за запознавање на општеството со предностите на медијацијата.
„Со користењето на медијацијата, ќе дојде до растоварување на судовите“, смета Маневски.
И директорот на CSE – Оддел за Јужна Европа и Централна Азија Џовани Даниеле вели дека Македонија треба уште многу да направи за промоција на медијацијата.
Според него, CSE ќе продолжи да го помага проектот за презентација на медијацијата, со цел, таа да најде примена во македонското опшптество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Илинден и Кисела Вода
ЕВН извести дека денес без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.25 до 15.30 часот, корисниците од улиците број 10, 513, 517, 529 и 532, како и објектите на фабриката Хавеп и Агрома во село Марино. ( општина Илинден )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Томе Арсовски и ул.474.( општина Кисела Вода )
Македонија
Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре стабилизирање на времето
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во источните делови од земјата. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а попладне врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд во претпладневните часови и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Од петок следува стабилизирање на временската состојба. За време на викендот, а особено во првите денови од следната седмица, утрата ќе бидат ведри и студени, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нулата.
Македонија
Апелација ја зголеми затворската казна за двајцата директори поради пожарот во модуларната болница во Тетово
Апелационен суд Гостивар ја преиначи пресудата за случајот со модуларната болница во Тетово и на двајцата обвинети им ја зголеми затворската казна од една и пол на по три години. Истовремено е зголемена и паричната казна што треба да ја плати обвинетото правно лице – ЈЗУ Клиничка болница Тетово.
Осудените директори Фљорин Бесими и Артан Етеми се огласени за виновни за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Судот оцени дека изречените санкции соодветствуваат на тежината на делото и последиците.
Во пожарот во Модуларната болница во 2021 година загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти кои се лекувале од Ковид-19, и двајца роднини на хоспитализираните.

